за

BMW одликуван како најдобар работодавец во светски рамки

BMW одликуван како најдобар работодавец во светски рамки
BMW одликуван како најдобар работодавец во светски рамки

Групацијата BMW и годинава се докажува како еден од најпривлечните работодавци. Во споредба со останатите производители на автомобили, баварците предводат во тој поглед, како што покажува последното рангирање.

Во истражувањето што се спроведува секоја година, BMW во 2019 е најдобро пласиран производител на автомобили во светски рамки, од гледиште на работодавец. Меѓу студентите на инженерски и ИТ-науки, баварскиот производител се најде на четвртото место како најатрактивен работодавец, зад Google, Microsoft и Apple. Во студијата учествувале повеќе од 240.000 студенти од дванаесет држави.

На таканаречениот барометар за млади професионалци, групацијата BMW уште од 2012 година го држи првото место во Германија. Бидејќи компанијата веќе 20 години најчесто се наоѓа на 1-во место според барометарот на апсолвентите, институтот Trendence му ја додели на BMW Group титулата на „најатрактивен работодавец во период од 20 години“.

Групацијата вработува повеќе од 134.000 лица во светски рамки. Во Германија и во фабриките на BMW Group ширум светот се обучуваат околу 5.000 практиканти за својата идна професија во автомобилската индустрија. Според соопштението од производителот, уште има слободни места за приајвување на практиканти за 2020 година, под https://www.bmwgroup.jobs/ausbildung.

Германскиот концерн вработува специјалисти во тематските подрачја што се ориентирани кон иднината, како анализа на податоци, софтверски развој, вештачка интелигенција, автономно возење, електромобилност и иновативни погони, како и Smart Logistics & Production и роботика.

Тест: BMW 118i M Sport

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes gla skica najava

Mercedes GLA како следно стилско крунисување на гамата на A-Class

Mercedes обучи 45.000 работници за електричниот погон

Европа сака самостојно да произведува батерии за електрични автомобили