за

Увозникот на BMW и Mini одбележува 5-годишнина

M Car има уште една причина за прославување, според продажбата во минатата година, BMW е водечка премиум марка на македонскиот пазар.

2020 M Car tim - Увозникот на BMW и Mini одбележува 5-годишнина

Пет години на марките BMW и Mini под новиот увозник M Car, чијшто менаџмент имаше предизвикувачка задача, по затворањето на дилерството до коешто доведе претходниот увозник, да ја врати довербата и имиџот на македонските возачки и возачи во премиум марките на германската групација.

Компанијата „М Кар“, увозник и дистрибутер на брендовите BMW и MINI за Македонија и Косово, го одбележува својот 5-ти роденден, создавајќи успешна приказна на пазарот за премиум автомобили. Од 2015 година компанијата бележи континуиран раст, при што од затворено дилерство, преку посветеност и грижа кон корисниците, постепено ја врати довербата и во меѓувреме го достигна приматот. BMW е најпродавана марка во премиум сегментот во Македонија за 2020 година, пред своите клучни конкуренти Mercedes и Audi.

Генералниот директор на М Кар, Марко Јовановски, зборува за темелите врз коишто се заснова работата на компанијата: „Нашата стратегија е секогаш да го ставиме клиентот во фокусот на апсолутно секој вработен во нашата компанија, се трудиме на персонализиран третман, овозможувајќи уникатно искуство, како и предвидување на потребите и надминување на очекувањата на клиентот.“ Автомобилската бранша постојано се менува и унапредува, се воведуваат нови трендови. Македонската автомобилска сцена во овие пет години на М Кар можеше да посведочи дека сите трендови и сите нови стандарди што групациjата ги воведуваше во светски рамки, се применуваа и почитуваа и од страна на нашиот увозник на BMW и Mini.

Во годината што ги стави сите сфери под тешки предизвици, минхенската групација се докажа и се избори да го освои првото место во премиум сегментот на македонскиот пазар: „Иако нашите инвестиции во образованието, дигитализацијата и модернизацијата на нашите услуги се значајни, мислам дека причината зошто оваа година успеавме да бидеме број 1 во премиум сегментот во Македонија и покрај пандемијата и отежнатите услови за работа, лежи токму во нашиот пристап, како и во силните продукти и подршката од принципалите, а тоа го прави нашиот успех уште повреден за нас како тим“, истакнува директорот Марко Јовановски.

Уште во втората година од своето постоење, во 2016 година компанијата M Кар ја освои наградата „BMW Presidents Award“. Оваа награда претставува најпрестижно и највисоко признание што групацијата BMW им го доделува на своите партнери. Истата година моделот BMW X1 беше прогласен за SUV на годината 2016.

Благодарение на силното партнерство со групацијата BMW, M Kaр во своето работење секогаш успева да обезбеди достоинствена промоција на сите нови модели, веднаш по нивните светски премиери на познатите меѓународни саеми. Некои од позначајните настани организирани од страна на М Кар во изманитиве 5 години се:

„BMW Generation X roadshow 2016 г.“ – неколкудневен настан во соработка со групацијата BMW каде посетителите имаа уникатно задоволство да ја тестираат xDrive технологија на најновите модели од BMW X семејството на возбудлива off road рута;

„М Car отворени врати 2016г.“ – каде пошироката јавност имаше можност да се запознае со целото работење на продажниот – сервисен центар како и да ги тестира најновите BMW и MINI модели;

New photo by Automedia MK / Google Photos

„Бизнис Атлет 2017г.“ – уникатeн вечерен настан во М Кар за промоција на новиот BMW Серија 5 Седан;

„Самит 100“ 2017г. – официјален превозник на бизнис самитот

„Дигитален самит за земјите од Западен Балкан 2018“ – официјален превозник на делегациите на самитот.

“The Boss is Back” 2018г. – дневно, премиум искуство за промоција на новиот BMW X5;

BMW X5 premiera MK

2019г. Соработка со музичката легенда Влатко Стефановски, кој креираше автентично BMW звучно лого за кампања за новиот BMW Серија 3 Седан.

Новиот BMW Серија 3 Седан официјален автомобил на „Fashion Weekend 2019г.“

BMW серија 3 промоција

GKL+ 2019г. – престижна 7-делна гала вечера за промоција на три водечки BMW модели од луксузниот сегмент: Првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe, каде специјален гостин на настанот беше Влатко Стефановски.

Арената Тоше Проевски во 2019 година беше место за одвивање на регионалниот Куп на увозници на BMW

Меѓу останатите големи достигнувања на М Кар во изминатите години, компанијата се појави во улога на домаќин на BMW Football Importers Cup во 2019 година. Станува збор за фудбалски натпревар за импортерите на BMW од регионот на Африка, Карибите и Источна Европа, кој минатата година се одржа во Националната Арена Тоше Проески. Овој настан веќе неколку години традиционално се оддржува во различна земја од овој регион. Во 2019 година, Купот се оддржа во Скопје, по организираните натпревари во Минхен, Загреб и Белград во изминатите три години.

BMW

На настанот присуствуваа претставници на највисокото раководство на BMW Group за регионот, д-р. Томас Рин, генерален директор на BMW Group за регионите Африка, Карибите и Источна Европа, како и останати претставници на високиот менаџмент од BMW Group и импортерите на BMW.

Освен продажниот и сервисен центар за BMW и MINI, компанијата дополнително врши и дипломатска продажба, користени возила по принципот „старо за ново“, а од 2020 година започнува со дистрибуција на комплетно електрични возила од програмата BMW i и MINI Electric.

По повод својата 5 годишнина, во знакот на 5, М Кар промовира акциски понуди за BMW и MINI, како за продажба, така и во постпродажба.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Gazoo претпазливо низ маратонската етапа на Дакар

Toyota Gazoo претпазливо низ маратонската етапа на Дакар

Саудиска Арабија планира милионски град без автомобили