за

Toyota Gazoo претпазливо низ маратонската етапа на Дакар

Насер Ал Атија и Матје Баумел со внимателно возење го завршија првиот дел од маратонската тура на Рели Дакар со две минути заостаток со својот Toyota Hilux.

Toyota Gazoo претпазливо низ маратонската етапа на Дакар

По саботната починка, најпредизвикувачкото рели во светот продолжува со беспоштедно темпо. По маратонската етапа во должина од 453 километри од Хаил до Сакака, најдобро пласираниот тим на Toyota моментно заостанува помалку од осум минути зад водечкиот Петерхансел.

Четири дупнувања на гума беа причина за Ги де Вилиер и Алекс Харо да загубат 48:12 минути, чекајќи друга екипа на Toyota Hilux да донесе резервна гума. Тимот ќе мора во осмата етапа долга 375 километри меѓу Сакака и Неом да користи стари гими. На тешката рута по песок и камење, тимовите сами ќе ги поправаат евентуалните дефекти, бидејќи на истата не се дозволува помоош од техничарите.

Третиот тим на Toyota Gazoo Racing, Шамир Варијава и Денис Марфи, го задржаа доброто темпо и се соочија со само едно дупнување гума, постигнувајќи 15-то време на етапата, со 38:17 минути заостаток зад победникот Јазир Ал Раџи, исто така во Toyota Hilux. Шамир и Денис напредуваа на 31-то место во вкупен пласман.

Глин Хол, директор на тимот: „Маратонската етапа секогаш ни внесува нервоза, а сега особено поради тоа што следеше веднаш по денот за одмор. Значи, моравме да се увериме дека сé сме средиле беспрекорно на вчерашното сервисирање, пред да ги испратиме тимовите да ја извозат етапата, да преноќат во бивак за сами да ги подготват автомобилите за следниот ден и потоа да се натпреваруваат уште цела етапа до следниот бивак. Денешната етапа се возеше по карпи и благодарни сме за системот за следење на притисокот на гумите што го приспособивме од серискиот Toyota GR Yaris за нашите тркачки автомобили. Среќни сме што Насер и Матје останаа блиску до водечките, додека Шамир и Денис постигнаа уште еден добар резултат. За жал, Ги и Алекс имаа четири дупнувања на гума и загубија многу време. И покрај тоа, тие уште се во Топ 10, што е добро за нас.“

Резултати од 7-та етапа на 2021 Дакар Рели:

4-то место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +2min 48sec

15-то место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +38min 17sec

22-ро место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +48min 12sec

Вкупни резултати од 2021 Дакар Рели по 7-та етапа:

2-ро место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +7min 53sec

8-мо место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +2hr 59min 36sec

31-во место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +7hr 6min 02sec

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ZYRUS-LP1200-Strada

Норвешка има електрични автомобили, но го има и Zyrus

2020 M Car tim - Увозникот на BMW и Mini одбележува 5-годишнина

Увозникот на BMW и Mini одбележува 5-годишнина