Компактниот електричар на BMW е на пазарот уште од септември 2013 година и тешко е да остане незабележан со својот впечатлив изглед, којшто укажува на посебноста на погонот на i3, но и на карбонската каросерија. Ваквиот изглед не им се допаѓа на сите и BMW ќе го коригира тоа в година. Заедно со редизајнот, следи уште едно продолжување на досегот.
Баварците реагираат на критиката околу изгледот на електричниот BMW i3 и за следната година најавуваат редизајн на моделот што несомнено се вбројува меѓу главните носители на електричната револуција. Конкретни скици или фотографии уште отсуствуваат, но интерни извори посочуваат дека најголемите промени ќе се случат во изгледот на предниот и задниот дел од електромобилот на BMW. Поводот за освежувањето на изгледот сепак е во самиот погон, поточно во батеријата, којашто ќе потекнува од новата генерација и ќе располага со уште поголем досег.
BMW летово понуди дополнителна верзија од i3 со поголема батерија, со којашто досегот според нормите се продолжи за 50 проценти, на 300 километри, односно на околу 200 километри во реални услови на возење. В година, досегот ќе се продолжи повторно, можеби не за уште 50 проценти, но во секој случај во позначајна мера.
https://automedia.mk/objavi/26284
Во баварската марка сепак не сметаат дека суштината на конкурентската борба во електричниот погон е околу досегот со полни батерии. Во иднина ќе се нудат повеќе верзии на електричните модели со различен досег, исто како што денес се нудат мотори со различна моќност и работна зафатнина. Купувачите ќе можат да избираат модел што најмногу им одговара според буџетот и според потребите, слично како што тоа го прави калифорнискиот специјалист Tesla.
















