за

Автопроизводители ќе поставуваат супербрзи полначи за електромобили низ цела Европа

Групациите BMW, Daimler, Ford и Volkswagen заеднички ќе ја создаваат најголемата мрежа од брзи полначи за струја за електромобили на европска територија. Со моќност наполначите до 350 киловати, електромобилите ќе можат да ги освежат батериите за само неколку минути. До крајот на деценијата, неколку илјади брзи полначи на партнерството ќе им стојат на располагање на европските возачи.

BMW, Daimler, Ford и Volkswagen, на ниво на групации се здружуваат во изградбата на најголема мрежа од ултрабрзи полначи за автомобили со електричен погон во Европа. Целта е за кус период да се постигне значајна бројност од станици за полнење со што ќе се овозможи патување на подолги релации со електричните автомобили. Секако дека постоењето на таква мрежа дополнително ќе го поттикне пазарниот интерес за електричниот погон.

Со моќност до 350 киловати, овие полначи ќе можат да ги освежат батериите за многу покусо време отколку постоечките брзи полначи. Изградбата на првите 400 станици ќе започне веќе во следната година, за до крајот на деценијата, купувачите да имаат на располагање неколку илјади брзи полначи. Тие ќе бидат поставени на автопатиштата и на магистралните рути.

Сите полначи ќе располагаат со единствена технологија, конкреткн со CCS (комбиниран систем за полнење). Моделите што подржуваат полнење на 350 киловати, ќе ги освежуваат батериите за само неколку минути.

Четирите автомобилски компании ќе учествуваат еднакво во инвестицијата за изградба на мрежата од супербрзи полначи. Регионалните компании можат подоцна да се приклучат како партнери во проектот, исто како и останатите производители на автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW i3 ќе добие нов изглед и уште поголем досег

Сите досегашни победници во изборот на европски автомобил на годината