за

BMW стартуваше со производство на првиот модел со преден погон

Во фабриката во Лајпцих денес започна производството на првиот ван и првиот воопшто модел со преден погон на BMW. Во фабриката досега се инвестирани преку 2 милијарди евра.

Фабриката на BMW во Лајпцих денес започна со сериско производство на серијата 2 Active Tourer. Високата приспособливост на фабриката озовможува новиот модел да се произведува на иста лента со останатите модели од сериите 1 и 2, како и со кросоверот X1. Во лакирницата и во монтажата се потребни само мали модификации за производството да се префрлува на ванот од серијата 1. Поради различната архитектура на возилото и предниот погон, единствено каросеријата се изработува на посебна линија.

Серијата 2 Active Tourer е прв модел на BMW со преден погон и прв модел во сегментот на ванови. Новиот модел ќе овозможи поцелосно искористување на капацитетот на фабриката и отворање нови работни места. Од 2.600 лица во 2011 година, денес фабриката вработува дури 4.000 лица.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ariel се враќа со мотоцикл по половина век

Renault со визија за автономен автомобил за 2020 година