за ,

Renault со визија за автономен автомобил за 2020 година

Индустријата на големо се подготвува за возила во кои возачот станува обичен патник кога е заморен, во градски метеж или можеби има нешто да сработи. Renault Next Two има доста интересни идеи.

Повеќето водечки производители работат на проектот на возила што можат да управуваат самостојно без возачот, во разни ситуации во секојдневието во коишто од задоволството при возење останува малку – градски метеж, замореност, работни обврски. Возилата веќе располагаат со технологијата што е неопходна, од типот на радарски темпомат што самостојно го одржува растојанието од возилото напред и запира и забрзува соодветно, или системи од камери и сензори што препознаваат опасност на патот и го запираат возилото или воочуваат кога друго возило престигнува и го предупредуваат возачот. Најстариот од сите, системот за автоматско следење на лентата се вградува веќе подолго од 10 години. Предизвикот за производителите е како да му обезбедат „квалитетно“ време на возачот за тоа време.

Француската влада во февруари го назначи Карлос Гон, првиот човек на алијансата Renault-Nissan, за лидер на проектот на автономно возење „Новото лице на индустријата во Франција“. Во овој проект, Гон координира повеќе партнери и сега го прикажува актуелниот развоен стадиум со концептното возило Next Two, базирано на електричниот Zoe.

Повеќе аргументи зборуваат за потребата од автономни возила. Според податоците на производителите на навигациски уреди, во европските и американските метрополи годишно се губат меѓу 60 и 80 часови за патување до работа, додека според други извори годината загуба во гориво изнесува преку 16 милијарди литри гориво. Зголемената опасност од судир поради замор на возачот секако е пресудниот аргумент.

Погледнете го видеото што прикажува како целиот систем функционира.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW стартуваше со производство на првиот модел со преден погон

Skoda по единаесетти пат е спонзор на Тур де Франс