за

Ariel се враќа со мотоцикл по половина век

Компанијата Ariel Motor, досега позната по суперлесниот Atom со 500 КС, повторно ќе произведува мотоцикли. Ariel Ace е првиот мотор на компанијата по повеќе од 50 години.

Откако го произведе последниот мотоцикл Ariel Square 4 пред повеќе од 50 години, британската фирма Ariel Motor повторно им се враќа на двете тркала. Покрај спортскиот автомобил Atom, фирмата Ariel ќе го произведува и мотоциклот Ace. Во фабриката во Сомерсет годишно ќе се произведуваат до 150 примероци од мотоциклот. За погонот користи мотор Honda V4 од 1,3 литар и 173 КС, којшто е преземен од Honda VFR 1200 F.

Впечатливата рамка на Ariel Ace е составена од шест алуминиумски сектори изработени од едно парче, коишто се заварени и потсеќаат на видливата рамка на Atom. Назад работи алуминиумска осцилирачка вилушка Pro Link, а за преносот се користи кардан. ABS и контрола на тракција се стандард.

Секој примерок на Ace ќе се произведува според желбите на купувачот, во варијанти Cruiser, Naked Bike или во спортска изведба. Изгледот може да варира во седиштето, во потпирачите за нога, во рачките, воланот, крилата, спојлерот и облогата. Покрај тоа се нудат и други опции: Три различни големини на резервоар, менувач со двојна спојка или класичен менувач, трапезна или телескопска вилушка со амортизери Ohlins и сопирачки од Nissin или Brembo, бандажи од метал, карбон или алуминиум, како и различни издувни системи. Може да се избира дури и аголот на воланот, меѓу 61,6 и 68,2 степени. Цената почнува од 25.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прво летање на млазниот авион на Honda

BMW стартуваше со производство на првиот модел со преден погон