BMW ги спасува кинеските дилери со 680 милиони евра

BMW ќе плати 680 милиони долари за надомест на загубите на своите дилери во Кина. Загубите се предизвикани од превисоките продажни очекувања од дилерите.

Продажбата на возила кај голем број дилери на BMW во Кина е премала за покривање на трошоците за работа. Слабата продажба сега почнува да си го зема данокот. За да им помогне на своите дилери, BMW ќе потроши 680 милиони евра за спас на продажната мрежа на кинескиот пазар. Германците ги обврзуваат своите кинески партнери да преземат дополнителни задачи, односно дилерите ќе мораат да се фокусираат и на продажба на користени возила, како и на понуда на разновидни финансиски услуги. Побарувачката на нови автомобили опадна драстично со интервенцијата на кинеската влада. Заради намалување на загаденоста на воздухот во големите градови, владата ја ограничи продажбата на нови возила.

Претходна објаваХромбук од Acer со дисплеј од 15 инчи
Следна објаваПонизок напон за поевтини хибридни автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here