Понизок напон за поевтини хибридни автомобили

Концептното возило на база на Ford Kuga користи напон од 48 волти во хибридниот погон, место вообичаените 400 V

Хибридните автомобили се штедливи, но скапи. За погонот да стане помасовен, цената треба да се спушти. Еден добавувач има идеја како да го постигне тоа: Со понизок напон.

Добавувачот Schaeffler разви концептен автомобил што место денешните високоволтни системи работи со хибриден систем со напон од само 48 волти. Со овој напон се постигнува пониска цена во производството и во одржувањето на техниката, наспроти конвенционалните хибридни автомобили. Концептното возило на Schaeffler ќе има премиера на салонот во Детроит што почнува на 12-ти јануари.

Основата на возилото доаѓа од Ford Kuga. Schaeffler смета дека со благата хибридизација со 48 волти се постигнуваат барањата што ќе важат дури по десет години. Исполнети се и американските стандарди CAFE (Corporate Average Fuel Economy), со коишто се одредуваат законските прописи за флотна потрошувачка на гориво. Освен благата хибридизација, во концептното возило се користат и други технологии, како разделна спојка на сите тркала и мери за амортизирање и оптимизација на триењето во погонската спрега.

schaefflernaias15

Schaeffler веќе подолго време работи на хибридната погонска техника. Пред неколку месеци, овој добавувач во соработка со производителот на пневматици Continental покажа како со блага хибридизација на погонската спрега може да се заштедат до 17 проценти гориво, на пример на Ford Focus со еднолитарски мотор Ecoboost со 125 КС.

Хибридниот погон ги намалува трошоците и во друг поглед. Конвенционалните хибриди користат напон до 400 волти. За спасувачките екипи во случај на незгода да не се доведат во опасност од смртоносен струен удар, неопходна е скапа и комплицирана заштитна техника. Покрај тоа, автомеханичарите мораат да поминат специјална обука за одржувањето на овие возила. Кај хибридите со 48 волти, тоа не е потребно.

Претходна објаваBMW ги спасува кинеските дилери со 680 милиони евра
Следна објаваVolkswagen стана најголем производител на автомобили во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here