BMW ќе продаде преку 2 милиона возила во 2014

Германскиот премиум производител BMW ги објави продажбите во првите два месеца и најави дека планира до крајот на годината да ја надмине бројката од два милиона возила од марките BMW, Mini и Rolls-Royce.

Годинава започна одлично за BMW, со голем пораст во продажбата во првите два месеца. На светско ниво, сите три марки од концернот продадоа за 6,5 проценти повеќе возила. Само од матичната марка BMW, Баварците продадоа девет проценти повеќе возила отколку во првите два месеца лани.

Шефот Рајтхофер на конференцијата за печат на салонот во Женева изјави дека „целта е да постигнеме волумен од преку два милиона возила. Во минатата година концернот веќе се приближи до оваа бројка, со 1,96 испорачани автомобили од марките BMW, Mini и Rolls-Royce.

Европскиот пазар постепено заздравува, но главниот задвижувач и натаму се пазарите во САД и Кина. Веќе подолго време се шпекулира дека BMW планира изградба на нова фабрика во Мексико. Од концернот уште не потврдуваат дали фабриката ќе се гради таму или во САД или на која било друга локација. Рајтхофер само изјави: „Доколку продажбата продолжи да расте, може да се размислува за уште една комплетна фабрика.“

Претходна објаваСериската верзија на Lexus NX ќе има премиера во Пекинг
Следна објаваЗапочна производството на електричниот Golf

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here