Започна производството на електричниот Golf

Во Волфсбург стартуваше производството на E-Golf, верзијата од популарниот компакт која што вози на батерии. Volkswagen има специјална понуда за купувачите што се скептични за овој погон.

Volkswagen за прв пат го нуди својот најпродаван модел во верзија без класичен мотор со внатрешно согорување. Првите примероци од Golf со погон на струја вчера стартуваа на производствената лента во фабриката во Волфсбург. Со основна цена од 35.000 евра, E-Golf е двапати поскап од најевтиниот модел со бензински мотор. Според фабричките податоци, тој постигнува досег меѓу 130 и 190 километри, зависно од начинот на возење. Заради надминување на проблемот со ограничениот досег на електричните автомобили, Volkswagen им нуди на идните сопственици на E-Golf да користат кој било друг модел со обичен мотор до 30 денови во годината за патување на подолги релации, на пример на летен одмор.

Претходна објаваBMW ќе продаде преку 2 милиона возила во 2014
Следна објаваJaguar XK го отстапува местото за помладите модели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here