за

BMW подготвува модел 720i со четири цилиндри?

Во BMW или имаат голема смисла за хумор или интернет редакцијата им работи трапаво. Кусо време на германската страница можеше да се види BMW 720i.

Доколку е за верување тоа што на кусо време се појави на интернет страницата на BMW на германски јазик, спортската марка од Минхен наскоро ќе го претстави својот знаменосец во моделска верзија со четирицилиндарски мотор. Конкурентот Mercedes веќе нуди четирицилиндарски дизел во серијата S, во изведбата S 250 CDI, па оттаму е можно да се заклучи дека и BMW ќе го повтори чекорот, но со бензински пандан на големата лимузина на Швабите.

Според ознаката 720i, во лимузината од серијата 7 ќе работи четирицилиндарецот од BMW 520i со моќност од 184 КС. Моделот од средната класа се снаоѓа одлично со дволитарскиот мотор, па и поголемата серија 7 би возела сосема пристојно.

Воведувањето на моделската изведба со дволитарски бензинец би значело големо поевтинување на влезот во серијата, односно привлекување на купувачи за коишто вообичаените моделски изведби со шестцилиндарци се прескапи. Понудата во серијата 7 моментно започнува со 740i со 320 КС кај бензинците и 730d со 258 КС кај дизелите. Во серијата 5 веќе се нуди моделската изведба 518d со 143 КС и пазарот реагира позитивно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Војската на САД ги подарува возилата од Авганистан

За сјајни резултати: Тест на 12 политури за гребаници во лакот