Bentley Continental GT во изведба на Mansory со 1001 КС

Иранецот Курош Мансори работи само ексклузивни модели. Тјунерот со седиште во Германија му се посвети на Bentley GTC, со зголемување на моќноста во комбинација со смалување на тежината.

Тјунерската работилница Mansory прави ексклузивниот Bentley GT Continental да биде уште поексклузивен. Покрај вообичаеното зголемување на моќноста и нејзиното соодветно нагласување во изгледот на возилото, Иранецот Курош Мансори особено работеше на олеснувањето на двоиполтонскиот кабриолет. Секоја компонента од аеродинамичниот пакет на GTC е изработена од карбон, со совршен финиш, и вградена е прецизно како во оригиналот.

Во носот на скапоценото британско купе доминира новиот преден спојлер со големи отвори за спроведување на воздухот за ладење. На тоа се надоврзува и хаубата, чија што форма е оптимирана да произведува дополнителен потисок. Предните столбови се обложени со карбон, а од истиот материјал се изработени и праговите, задниот спојлер и дифузорот. Гумите со димензија 295/30 ZR 22 се ставени на бандажи со ширина од 10 инчи. На крајот, кабриолетот е спуштен за 30 милиметри.

Колку чини автомобил од Mansory? Овој уникат од класата G на Mercedes е изработен во 2012 година и со 1.500 изминати километри чини 600.000 евра. Значи, користен чини толку
Колку чини автомобил од Mansory? Овој уникат од класата G на Mercedes е изработен во 2012 година и со 1.500 изминати километри чини 600.000 евра. Значи, користен чини толку

Целиот овој дизајнерски напор е направен со цел да ја демонстрира моќноста што лежи во големото парче автомобил. Во третманот за зголемување на моќноста спаѓаат спортски издув, нови клипови и клипници, нови брегасти вратила, поголеми турбополначи и интеркулери, соодветно модифицирана контролна електроника за моторот и менувачот, како и спортски филтер за воздух. Резултатот е 1.001 КС при 6.000 вртежи во минута, што е драстично зголемување наспроти стандардните 635 КС. Соодветно порасна и вртежниот момент, на 1.200 њутнметри при 2.100 вртежи во минута (стандардно 800 Nm при 2.000/min). Забрзувањето до сто трае 3,9 секунди, крајната брзина изнесува 330 km/h.

Внатрешноста е изработена само со избрани материјали, со кожа од германскиот специјалист од Манхајм, којашто и покрај исклучителната издржливост е невообичаено мека.

Претходна објаваКаков избор на користено возило е Seat Exeo
Следна објаваMitsubishi ќе го замени Lancer Evo со екстремен спортски кросовер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here