за

Каков избор на користено возило е Seat Exeo

Техника на Audi по цена на Seat? Кој уште би одбил такво нешто. Seat Exeo не беше особено забележлив како нов модел, но затоа сега е уште повеќе атрактивен како користено возило.

Audi A4 од генерацијата B7 уште немаше заминато во историјата, кога се појави одненадеж под знакот на шпанската марка, со сменет изглед на предниот и задниот дел и под ново моделско име Exeo.

[quote_box_right]Seat Exeo
Производство: Од 2008 до 2013 година
Мотори: Од 1,6 л. бензински со 102 КС, до 2.0 TFSI со 210 КС
Цени: од 5.500 евра[/quote_box_right]

Во концернот Volkswagen отсекогаш била популарна стратегијата успешните автомобили по нивното пензионирање да продолжат да се произведуваат со добар профит на друга локација. Така се случи и овојпат, генерацијата B7 од Audi A4 произведувана меѓу 2000-та и 2008-ма година, во март 2009 година да се врати на пазарот како Seat Exeo. Покрај тоа што во фабриката во Марторел се пресели комплетната производствена технологија за моделот од средната класа на Audi, преку 70 проценти од компонентите во Seat Exeo потекнуваат од оригиналот. Тогашниот главен дизајнер Лук Донкерволке ги дотера предниот и задниот дел да личат повеќе во стилот на Seat, иако без типичниот печат на шпанската марка. Кокпитот е преземен од Audi A4 Cabriolet, со таа разлика што на местото на четирите прстен на воланот се најде логото на Seat. Неколку месеци по лимузината следеше и комбито Exeo ST. Понудата на мотори се сведува единствено на четирицилинарски агрегати, а отсуствува и погонот quattro од Audi. Во безбедносната опрема стандардно спаѓаат седум воздушни перници и контрола на стабилноста.

Само во детали се забележува отстапување од квалитетот на материјалите на Audi

seat exeo koristeno 357257Седиштата и функционалноста во кокпитот се без забелешки, исто како и просторната понуда и завршната изработка. Само при загледување во детали може да се забележи дека на некои места се вградени поедноставни материјали. Затоа, пак, Exeo во возењето се однесува исто како оригиналот, со стегнато подвозје и безбедно чувство. Дури и кај моделите со спортско подвозје, амортизацијата реагира комфорно. Кај моторите нема ограничувања. Сите мотори се препорачливи, но купувачите што не сакаат да изгубат премногу од вредноста при евентуална препродажба и секако сакаат да внимаваат на оперативните трошоци, сепак е подобро да ги изберат варијантите со дволитарскиот TDI со 120, 143 или 170 КС.

Облоги на седишта чувствителни на абење и пластика што лесно се гребе

Seat Exeo добива зрела и квалитетна техника како наследство од долгото производство на Audi A4. Во неколку подрачја сепак има отстапувања од квалитетот на Audi. Облогите на седиштата се чувствителни на абење и честопати покажуваат траги од користење, а пластичните материјали се почувствителни на гребење отколку во Audi. Слабостите на Exeo се истите како во A4, а тоа значи голема можност за кинење на запчестиот ремен кај TDI доколку истиот не се замени во рамките на предвидениот рок, како и истрошена спојка. Безстепениот автоматски менувач Multitronic понуден во 1.8 TFSI и 2.0 TDI е подобро да се избегнува, поради огромната чувствителност на дефекти.

На што треба да се внимава кај Seat Exeo…

во подвозјето: Корозијата веќе одамна не е тема кај Seat и тука нема проблеми. Водењето на тркалата исто така е изведено солидно, без какви било забелешки во поглед на погонските оски, исто како и за управувањето. Единствено треба да се провери во каква состојба се пружините и амортизерите. Во ова подрачје, процентот на дефекти кај Exeo е малку над просекот во класата.

во светлата: Предните светла имаат просечна чувствителност на дефекти, додека кај задните светла има малку поголема шанса за дефект наспроти просекот во класата. Во насоченоста на светлосниот сноп поретко има проблеми.

во сопирачките: Можноста дека разгледуваното возило има проблеми со дејството на ножната сопирачка е во рамките на просекот, додека околу паркирната сопирачка не би требало да постои каква било загриженост. Во сопирачките водови и црева нема никакви забелешки, исто како и во сопирачките дискови, коишто се натпросечно издржливи.

во моторот: Проблеми со протекување или согорување масло се реткост кај моторите во Seat Exeo, во тој поглед, шансата за дефекти е трипати пониска од просекот во класата.

Заклучок

Кому не му пречи да вози стара техника од Audi во каросерија што само го има знакот на Seat, со овој автомобил добива атрактивно возило по цена што е далеку од нивото на цени на користен Audi A4. Цените на европскиот пазар стартуваат од 5.500 евра, а за подобро сочувани примероци со помалку од 100.000 километри би биле потребни околу 8.500 евра. Тоа во секој случај е сигурна инвестиција што ќе трае уште многу години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Расположени сте да набавите велосипед на водороден погон?

Bentley Continental GT во изведба на Mansory со 1001 КС