за

Расположени сте да набавите велосипед на водороден погон?

Кој е решен да вози на водород, моментно има избор меѓу два автомобила. Проблем е што водородот се точи на малку пумпи. Во тој поглед е подобро решение велосипедот на водород. Тој може да се полни и дома. Но, не е сé совршено.

Автомобилите што користат водород како погонско гориво всушност се електрични автомобили, со таа разлика што место батерии кои се тешки, скапи и бавни за полнење, го користат водородот во резервоарот, кој се полни за само неколку минути – секако,  на специјална станица за точење водород. Германскиот гигант во производството на гас Linde ја вгради техниката на водородниот погон и во возило со две тркала, во велосипед.

Полнењето со водород може да се изврши и дома, при набавка на водородна боца од производителот
Полнењето со водород може да се изврши и дома, при набавка на водородна боца од производителот

Велосипедот со водороден погон ја добива потребната електрична енергија од хемиската реакција на водородот и кислородот во горивната ќелија. Оваа енергија понатаму се користи за напојување на електромоторот што му помага на велосипедистот испорачува електричната енергија за електромоторот што му помага на возачот при вртењето на педалите. Исто како кај водородните автомобили, крајниот продукт од „согорувањето“ е совршено чиста вода за животната средина. За разлика од обичните електрични велосипеди, водородниот велосипед на Linde не мора да се приклучува неколку часови во струја заради полнење на батериите, туку резервоарот едноставно се дополнува со водород, во времетраење од шест минути. Може и уште полесно. Кој користи водороден гас за домаќинство, може да ја користи домашната боца и за полнење на велосипедот со гориво.

34 грами водород за 100 километри пат

Последново е најголемата предност на велосипедот, наспроти актуелните автомобили со погон на водород Toyota Mirai и Hyundai ix35 Fuel Cell, чии што сопственици имаат на располагање тенка мрежа од станици за точење водород.

Досегот од 100 километри не може да направи шампион во автономија од овој велосипед, затоа што и повеќето обични велосипеди со електромотор ја достигнуваат оваа вредност. Затоа, пак, нивната погонска батерија има ограничен век на експлоатација и кога тогаш мора да се депонира во отпад. Производителот на гас Linde нагласува и дека неговиот водород е особено еколошки, затоа што е произведен од енергијата на ветерот или од биогас.

Технолошкиот концерн досега има изработено 100 прототипи од водородниот велосипед, за да докаже колку во меѓувреме е развиена технологијата. Проблем и натаму е цената на велосипедот. Таа не се открива, но сигурно е далеку над 7.000-8.000 евра, колку што чини пристоен електричен велосипед. Индустрискиот принцип важи и тука. Како што би се зголемувала производствената серија, така би опаѓала и цената на велосипедот.

Секако дека велосипедот со погон на водород и натаму е поевтин од автомобил со погон на водород. Моделите на Toyota и Hyundai се достапни само на неколку пазари и чинат околу 80.000 евра, односно 65.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можно е само моторите на Volkswagen да се нечисти?

Каков избор на користено возило е Seat Exeo