за

Mitsubishi ќе го замени Lancer Evo со екстремен спортски кросовер

Mitsubishi Lancer заврши со еволуцијата, во иднина нов екстремен кросовер ќе биде задолжен да ја демонстрира моќта со којашто располага јапонската марка. Кросоверот на база на XR има шанси да стане следниот Evo.

Првиот човек на Mitsubishi, Осаму Масуко, потврди дека неговата марка во иднина нема да ја користи спортската значка Evo во лимузинските модели, но затоа има голема веројатност дека на местото на Lancer Evo може да дојде спортски кросовер со екстремна верзија на хибридниот погон на Mitsubishi. Јапонската марка со големо име во мотоспортот во моментов е повеќе ангажирана околу новите генерации на модели во сегментот на спортските теренци, конкретно со наследниците на ASX и Pajero, исто како и со верзиите со хибриден погон од овие модели, но според Масуко, компанијата размислува да ја користи плагин-хибридната технологија за модели со високи перформанси.

Концептот XR-PHEV II од годинашниов салон во Женева најави како би изгледала комбинацијата од спортски кросовер со хибриден погон. Првиот модел во култната серија Lancer Evolution беше претставен уште во 1993 година, но поради намалениот интерес на пазарот и строгите норми за заштита на животна средина, Mitsubishi мораше да ја прекине истата. Напредокот на хибридната и батериската технологија сепак овозможува продолжување на серијата Evo, веројатно уште во наследникот на кросоверот ASX, чијашто стандардна верзија се очекува да се појави во следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley Continental GT во изведба на Mansory со 1001 КС

Оваа постројка произведува дизел од јаглерод диоксидот во воздухот