за

Аутомедиа е најчитаниот автомобилски портал во Македонија

Според податоците што ги регистрира Симиларвеб, нашиот автомобилски портал Аутомедиа постигнува двојно повисока читаност од најблискиот конкурентски вебсајт.

Македонската публика и во месец април ја награди големата посветеност што во редакцијата на Аутоимедиа ја вложуваме во подготовката на содржините на порталот. Со задоволство објавуваме дека Аутомедиа е најпосетен професионален портал за автомобилизам во Македонија. Тоа дополнително го потврдуваат и податоците од нашето присуство на друштвените мрежи.

Во овие предизвикувачки времиња за секоја работна бранша и за секое подрачје од секојдневниот живот, подготовката на содржини од автомобилската сфера, што на момент го одвраќаат вниманието од збиднувањата и ја пренесуваат мислата во некои други времиња, стана главно работно начело во редакцијата на Аутомедиа.

Само во првите пет месеци од годинава сработевме четири репортажи, почнувајќи од фамозната „Лавовска осумка“, кога со новиот Peugeot 308 извозевме рута долга 500 километри во форма на бројот 8, како наш поздравен чин за добредојде на новиот француски модел на македонскиот пазар. Потоа следеше уште една тура по краиштата што им се непознати на многумина, а имаат многу што да покажат и понудат, кога со новиот Kia Sportage возевме по стариот пат од Богомила за Прилеп. Денес ја објавивме и третата репортажа годинава, со Opel Grandland, на кого што му ја доверувме мисијата да нé одвезе до точката на нашата Најубава Македонија, што е најдалеку од север, до селото Луке, во самото тромеѓе со Србија и Бугарија. Новата сезона на репортажи, секако дека ја започнавме со Toyota Yaris Cross, на нашето патешествие во Преспа, во зимскиот период, кога многумина и не помислуваат дека таму во моментот можеби е посебно убаво.

Следното тематско подрачје што го привлекува вниманието на македонската публика, се нашите критички осврти на збиднувањата и проблемите од подрачјето на автомобилизмот и сообраќајот, со коишто се соочува нашиот прекрасен народ. Меѓу најчитаните објави се „крадењето од буџетот со возењето под бугарски таблици“, анализата на составот на цените на горивата, преку којашто масовно го проширивме фактот дека акцизите учествуваат со половина во цената на бензинот и дизелот, а посебно внимание привлече и објавата во којашто опоменавме дека е неопходно да се посвети највисока одговорност во заштитата на пешаците.

Нашите тестови на нови модели на автомобили се ценети посебно поради сеопфатноста, објективноста и оригиналниот пристап, со којшто го пренесуваме карактерот на одделните модели, повикувајќи се на искуство што датира подолго од 25 години, со стотици извозени модели на автомобили во Македонија и на презентации во странство, како и над еден милион извозени километри, со сите возила на тест досега.

Тоа се воедно и највредните содржини, со коишто Аутомедиа се издвојува на македонската автомобилска сцена и ја постигнува големата предност пред останатите портали и блогови од подрачјето на автомобилизмот. Но, колку навистина е голема таа предност на Аутомедиа, односно колку е поголема довербата што нашата редакција ја добива од ценетата македонска публика?

Според јавно достапните податоци на сервисот Симиларвеб, коишто се засноваат врз веродостојни анализи и алгоритми, различно од укинатиот и лесен за манипулации сервис Алекса, на нашиот автомобилски портал Аутомедиа.мк во текот на април пристапиле 20.200 корисници, односно порталот е прегледан вкупно 26.000 пати. Податоците од Симиларвеб исто така потрдуваат дека Аутомедиа единствена бележи напредок во посетеност во последните три месеци, од сите десет портали и блогови за автомбоиизам коишто во помала или поголема мера ја сочинуваат медиумската сцена од областа на автомобилизмот во Македонија. Во глобални рамки, рангирањето на нашиот портал е подобрено за 140.339 места.

Статистиката од Meta за посетеноста на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

New item by Automedia MK / Google Photos

Секако дека според посетеноста е високо рангиран и познатиот и ценет вебсајт Карклуб.мк, меѓутоа во податоците коишто допираат до Симиларвеб, вклучени се и масовните посети на форумот на Карклуб.мк. Форумот сепак не се води како авторска или новинарска содржина, така што импресивните и веродостојни 112.200 посети може да служат само за релативна споредливост. Веруваме дека податоците за публикуваната содржина на Карклуб, ја пополнуваат огромната празнина што се јавува во посетеноста меѓу Аутомедиа и следниот онлајн-медиум.

На порталот којшто го користи името на автомобилскиот магазин што се печатеше уште во средината на 1990-те години, Авто Плус, статистиката на Симиларвеб му брои 11.500 корисници во април, коишто прегледале вкупно 13.500 објави, односно двапати помалку во споредба со Аутомедиа. Во просечното времетраење на посетите исто така се јавува голема разлика. Наспроти просечните 31 секунда читање објава на Аутомедиа, следат просечни 19 секунди кај Авто Плус. Во април, нивното глобално рангирање назадувало за 535.240 места.

Следен е порталот 24ауто, со 10.300 корисници и читање 1,06 објава по посета. Симиларвеб ја прикажува веродостојноста на податоците за посетеноста на овој портал, преку податокот за просечното времетраење на посета од 5 секунди. Ваков расчекор меѓу бројот на корисници и времетрањето на посетата обично укажува на користење т.н. авто-рефрешери, што само фиктивно прикажуваат прифатлива посетеност.

Добро рангира и Турбо1, со 8.200 корисници во април и во просек читање 1,06 објава по посета, меѓутоа времетрањето на посетите за овој портал е уште поекстремно и изнесува во просек само 1 секунда по посета.

Понатаму следат вебсајтот на емисијата за автомобилизам Авто Магазин, потоа еден надежен блогер Карсбѕвик, па порталот Автоклуб и извесно онлајн-присуство на веќе одамна згаснатиот магазин Аутофокус, за петорката да ја заокружи порталот Аутоинфо. Петката е заеднички именител за овие онлајн-присуства, на коишто Симиларвеб не им го регистрирал потребниот минимум од 5.000 корисници.

Нашето рангирање на https://www.similarweb.com/website/automedia.mk/

Аутомедиа им благодари на своите читатели и ветува дека ќе го задржи квалитетот на работата во овие вонредни времиња, што во бројни случаи се искористуваат како изговор, само за да се воведат послаби стандарди и критериуми. Тоа е чиста спротивност на работата на Аутомедиа.мк. Овие вонредни времиња се шанса за најдобрите да се докажат.

Преглед на податоците за посетеноста на Топ 10 автомобилски портали и блогови во Македонија

Вкупно корисници во април 2022 Страници по посета Просечно времетраење на посета

Аутомедиа

20.2K

1.29

00:00:31

Карклуб + Форум Карклуб

112.2K

7.02

00:06:52

Автоплус

11.5K 1.17 00:00:19

24ауто

10.3K 1.06 00:00:05

Турбо1

8.2K 1.05 00:00:01

Автомагазин

< 5K

Карсбѕвик

< 5K

Автоклуб

< 5K

Аутофоцус

< 5K

Аутоинфо

< 5K

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Geely лансираше сателити за автомобили што ќе возат самостојно

Британски трговци со мебел возат електрични Peugeot e-2008