Geely лансираше сателити за автомобили што ќе возат самостојно

Geespace, огранок во целосна сопственост на технолошката групација Geely и прв оператор и производител на комецијални сателити на ниска орбита, ги лансираше првите девет сателити од лансирната станица Ксичанг.

Сите девет сателити GeeSAT-1 функционираат правилно по лансирањето. Тие е дел од планираната „Geely Future Mobility Constellation”, којашто ќе се состои од 240 сателити. Првата фаза ќе биде завршена до 2025 година, кога се очекува во орбита да бидат пуштени 72 сателити. Во втората фаза ќе следат преостанатите 168 сателити.

Сателитите на Geespace се први модуларни и масовно произведувани сателити во Кина, што се одликуваат со висока издржливост и високи перформанси, наменети за лансирање во ниска орбита. Овие сателити ќе овозможат сантиметарски прецизно позиционирање и поддршка за конективност, што ќе се користи за автомобилските марки во портфолиото на холдингот Geely. На тој начин ќе се постигне вистинско и безбедно автономно возење, коешто меѓусебно ќе ги поврзе возилата, но во исто време возилата ќе ги поврзува и со инфраструктурата.

По петгодишно користење, GeeSAT-1 ќе бидат пуштени кон земјината атмосфера, при што ќе се распаднат без да се остават какви било траги, односно отпад

Со овој чекор, Geespace станува една од првите компании во светот, што ќе нуди комбинирано комерцијално позиционирање и кинематски услуги во вистинско време (Precise Point Positioning and Real-Time Kinematic services, PPP-RTK).

Масовното производство на сателити во Geely започна во септември 2021 година, со годишен капацитет од 500 единици. GeeSAT-1 е прв од многубројните нови модели на сателити што компанијата планира да ги лансира во орбитата.

Во новите модели на Renault Samsung ќе работи техника од Geely и Volvo

Претходна објаваПовеќе од 15.000 запознавања со новата Alfa Romeo Tonale
Следна објаваАутомедиа е најчитаниот автомобилски портал во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here