Изборот паднал на Peugeot e-2008 поради погодената големина и досегот на струја, како и поради одличната прегледност од седењето на повисоко. Следно што им се допаднало посебно во Furniture Village биле комплетната опрема и условите за финансирање.
Менаџерите на Furniture Village ќе ги користат 25-те електрични Peugeot e-2008 при патување меѓу салоните на компаниајта низ земјата, како и за посета на домовите на клиентите. Сите примероци се во нивото Allure Premium, со тркала од лесен метал со дијамантски рез и делови лакирани во црна сјајна боја во задниот браник и во кровните шини.
Во кабината е задолжителниот 3D i-Cockpit, заедно со проекциски дисплеј, смален волан и средишен дисплеј од 7 инчи. Корисни ќе бидат и задната камера во 180 степени, како и самостојното запирање при опасност од судир, со препознавање пешак или велосипедист на патот.
Погонската спрега се состои од електромотор со 100 kW (136 КС) и батерија од 50 kWh, со којашто компактниот СУВ може да извози до 344 километри. Компаниите добиваат посебни повластици од страна на државата, главно преку намалување на годишниот данок на добивка, доколку се користи електрични возило.
Furniture Village поставува полачи во сите свои продавници и магацини во Велика Британија. Peugeot e-2008 подржува користење брзи полначи. Доколку се користи полнач од 100 kW, тогаш наполнетост од 0 до 80% се постигнува за само 30 минути.
Always admired wherever it went, the #Peugeot504 pic.twitter.com/4PfoMYxCJt
— PEUGEOT UK (@PeugeotUK) March 30, 2022
Чарли Херисон, комерцијален директор на Furniture Village: „PEUGEOT e-2008 е совршен автомобил за нас, бидејќи донесовме важно решение да преминеме на целосно електричен возен парк – тоа е еден од чекорите што ги преземаме како компанија, за да бидеме повеќе пријателски кон животната средина.“ Британската компанија располага со 54 продавници и 12 магацини ширум земјата.
Од 2024 година, Peugeot ќе има по еден целосно електричен модел во секоја своја моделска серија.