за

BMW славенички со M3 Touring на Фестивалот на Брзината во Гудвуд

Присуството на BMW на Фестивалот на брзината во Гудвуд ќе мине во знакот на 50-годишното постоење на M GmbH. Премиери за BMW M3 Touring и M4 CSL.

Баварците сакаат целото внимание на Фестивалот на Брзината 2022 да го привлечат кон себе, затоа што на настанот доаѓаат како славеници, одбележувајќи половина век постоење на спортското одделение M GmbH.

Во четирите денови на мотоспорт-настанот во Велика Британија, што ужива централно место на светската автомобилска сцена, новиот BMW M3 Touring ќе учествува во ридските трки, исто како и M4 CLS, како домашна премиера.

Организаторите на „Гудвуд“ му оддаваат чест на BMW, со тоа што главната скулптура на традиционалниот британски тревник пред Гудвуд Хаус, претставува омаж на 50-те години врвни достигнувања на M GmbH во мотоспортот. Исто ќе бидат прикажани и неколку легендарни модели на BMW. Секако дека ќе бидат изложени и новите BMW iX1, i7, i4 и iX M60.

Минхен, односно во случајов Гархинг, првпат во историјата ќе нуди комби-модел под знакот на M, што кај BMW вообичаено ја носи ознаката Touring. Премиерата е закажана во 10 часот британско време на 23-ти јуни. M3 Touring ќе учествува во ридските трки во сите четири денови, во категоријата „First Glance“.

Британскиот огранок ќе го прикаже својот BMW 3.0 CSL, додека од BMW Group Classic ќе пристигнат уште три модели: BMW M1 Procar од доцните 1970-ти, WTCC BMW 3 E90 и BMW V12 LMR, победник на Леман во 1999 година. Друштвото ќе го комплетира трчачкиот хиперавтомобил BMW M LMDh, што ќе вози в година.

BMW Group Classic ќе стартува на ридските трки, што се главен спектакл во Гудвуд, со Brabham BMW BT52 од 1983 година, управуван од Педро Пике, син на трикратниот светски првак Нелсон Пике. Тоа е прв Ф1-шампионски болид со турбо мотор. Стив Сопер ќе вози BMW V12 LMR, а по него возилото го презема Маркус Флаш, поранешен директор на M GmbH.

Неговото кралско височество, принц Леополд фон Бајерн ќе вози BMW 635CSi, додека Бруно Шпренглер ќе се најде зад воланот на BMW Z4 GTR со дизајн на Мишен Вајлан.

Фестивалот на брзината во Гудвуд се одржува од 23-ти до 26-ти јуни 2022 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британски трговци со мебел возат електрични Peugeot e-2008

Lamborghini Urus е рекордер: 20.000 возила за четири години