Новото правило на Ауди, моделите со електричен погон да носат парен број во ознаката, а моделите со бензински, дизел и хибриден погон да се означуваат со непарни броеви, повеќе не важи.
Означувањето пар-непар во Ауди очигледно воведе голема забуна кај купувачите. Идејата секако имаше логика. Сите електрични модели на марката Ауди да носат парен број во ознаката, на пример, А4, А6, Ку4, Ку6 итн, додека моделите што користат бензински или дизел мотор да носат непарни броеви, односно А5, А7, Ку7 итн.
Премиум марката од Инголштат веќе извесно време ги означува своите нови генерации на модели, соодветно на новото правило.
Додека тука сé ни е јасно, проблем се појави на важните светски пазари, посебно во САД. Од тие причини, Ауди реши да остапи од намерата и да се врати на стариот начин на означување. Моделите од Инголштат ќе продолжат да си ги носат ознаките по коишто со децении ги распознававме.

Ауди А7 повторно ќе биде Ауди А6
Тоа значи дека се откажува и планираното менување на ознаката на новиот А6, што ќе има премиера наскоро. Според напуштениот начин на означување, моделот со мотори со внатрешно согорување требаше да се преименува во А7. Место тоа, сега ознаката ќе остане А6.
По ознаката на моделската серија, следи вообичаеното означување според видот на погон, односно ТФСИ за бензинци, ТФСИ е за хибриди, ТДИ за дизели. Електричните модели ќе носат ознака е-трон.
Остатокот од моделската понуда ќе продолжи да се именува според стариот начин. Сепак има мала отстапка. Тековниот А5 ќе продолжи со таа ознака, за да се разликува од А4, којшто е електричен модел.
Премиерата на новиот Ауди А6 е закажана за 6-ти март. Кај него, бензинската изведба повторно ќе се означува по старо, на пример, А6 Авант ТФСИ за беизнецот, наспроти А6 Авант е-трон за електричниот модел.
















