Apple ќе го оневозможи пишувањето СМС во возење

Возачите се свесни за опасноста при пишување порака на мобилен или сурфање на интернет при возењето. Но, никој не се откажува. Apple ќе нé натера присилно на тоа.

Сопствениците на Apple iPhone во иднина нема да можат да пишуваат пораки додека се зад воланот. Американскиот иститут за регистрација на патенти во минатата недела објави документ во кој електронскиот концерн бара да патентира функција што го оневозможува користењето на паметните телефони при возење.

Иако истражувањата покажаа дека опасноста од незгода се зголемува за 23 пати, огромен број возачи пишува пораки додека е зад воланот. Новата техника ќе ја оневозможи оваа и други функции што му го одвлекуваат вниманието на возачот. Телефонот ќе препознава дали се наоѓа во движење преку сателитски податоци или преку сензор за брзина. Доколку паметниот телефон е поврзан со автомобилот, овие информации ќе ги добива директно од возилото. Во тој случај, iPhone ќе може преку фотографии од камерата да анализира дали корисникот е зад воланот или е седнат безбедно на друго седиште.

Оваа функција оди во прилог на активностите на Apple за интегрирање на iPhone во автомобилите. Оперативната платформа на iPhone ќе се интегрира во електронската мрежа на возилото преку Carplay, системот што први го користат Mercedes, Volvo и Ferrari. На тој начин возачот ќе може да ги користи многубројните функции на телефонот без одвлекување на вниманието, на пример преку говорна команда. Налогот за патентирање е доставен уште во 2008 година, што укажува колку долго Apple се занимава со интеграцијата на мобилните телефони во возилата.

Претходна објаваХардкор-голфот оди во сериско производство
Следна објаваШефот на PSA бесен што кросоверот на Citroen не доаѓа во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here