Електричните велосипеди покажуваат една страна што досега беше непозната на сцената. Еден американски производител си создава нов пазар за својот бизнис, нудејќи електричен велосипед што е приспособен за користење при лов. Со безшумен погон и цврста конструкција, тој како буквално да е измислен за оваа намена.
Исто како и останатите од неговиот вид, овој велосипед има електромотор што го олеснува вртењето на педалите и дозволува совладување подолги релации дури и за корисници што немаат врвна кондиција. Но, Addmotor Wildtan поседува уште цела низа својства што го прават посебен.
Уште по изгледот се препознава намената на велосипедот. Рамката е бојадисана во камуфлажна шара, а тоа е најважно при лов, затоа што пленот не треба да биде пред ловецот и да го открие нетовото присуство. Уште еден важен детал се балон-гумите, чијшто профил и димензии овозможуваат возење по најразличен терен. Секако, тивкиот електричен погон е пресуден, за Addmotor да биде добар за лов.
Рамката е изработена од алуминумска легура 6061 ARC, а во неа е вградена батерија од 17.5Ah од Panasonic (се полни преку USB). Според производителот, тоа е доволно за електромоторот да го асистира возењето дури стотина километри. Електромоторот со 1.000W е производ на Bafang и различно од вообичаениот пристап, вграден е над средишната оска . Предноста е во тоа што се постигнува подобар баланс, особено при искачување.
Теренското возење не е проблем, со 120 милиметри работен óд на предната вилушка. Со 9-степен менувачки механизам од Shimano, може да се постигнат брзини до околу 30 km/h. Брзината, извозениот пат и нивото на батеријата се прикажуваат на LCD-дисплеј. Моќните светла се дел од стандардната опрема.
Цената? Над пет илјади долари, освен ако велосипедот не се нарача сега, за што американскиот производител ветува 50% попуст. Идејата е одлична во секој случај.
https://www.instagram.com/p/CBLgGCogZ_K/
https://www.instagram.com/p/B-g1Qk0Acbd/
















