815 милиони евра дивиденда за најголемите акционери во BMW

Тројцата најголеми акционери во BMW заедно ќе касираат 815 милиони евра како дивиденда за минатата деловна година.

Производителот на автомобили BMW повторно ќе им исплати рекордна дивиденда на своите акционери по рекордните резултати во минатата деловна година. Дивидендата изнесува 2,90 евра по акција, што е 30 евроценти повеќе отколку во 2013 година. Само тројцата најголеми акционери и членови на семејството Квант, Јохана и Штефан Квант, како и Сузане Клатен, за минатата година ќе касираат 815 милиони евра дивиденда. За тоа, сепак, претходно треба да се согласи одборот.

Претходна објаваOpel му ги препушта вановите на Peugeot
Следна објаваСопствениците на електричниот Leaf возат повеќе од „обичните“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here