за

Opel му ги препушта вановите на Peugeot

Наследникот на Zafira ќе биде само Peugeot или Citroen премаскиран во Opel?

Актуелните два вана на Opel нема да доживеат наследници. Zafira и Meriva ќе бидат заменети со кросовери коишто ќе користат техника од Peugeot. Првиот кросовер пристига веќе в година.

Тековните генерации на Zafira и Meriva ќе бидат последни ванови на Opel. Германската марка не планира да развива наследници на овие модели и се откажува од вановите во својата понуда. Нивното место ќе го заземат два модела на кросовери, обата на платформа од францускиот партнер PSA Peugeot Citroen.

Како наследник на Meriva се планира т.н. Crossover Utility Vehicle (CUV), со подинамичен дизајн со елементи на теренец. Задните врати што се отвораат наназад не се планираат за кросоверот. Новиот модел ќе се произведува во шпанската фабрика на General Motors во Сарагоса, а производството ќе стартува во 2016 година.

Иако моделот ќе ја користи платформата од PSA Peugeot Citroen, надворешниот и внатрешниот дизајн ќе бидат во препознатлив стил на Opel, а наводно и под хаубата ќе работат мотори на германската марка. Најевтината верзија се очекува да чини 16.000 евра. Планирано е вградување на трицилиндарскиот бензинец од еден литар, нов бензинец со турбонатполнење и зафатнина од 1,4 литар и 1,6-литарски дизел.

Zafira исто така се откажува од концепцијата на ван. Наследникот ќе биде кросовер меѓу спортски теренец и ван, изработен на платформата EMP2 на PSA Peugeot Citroen, којашто во моментов ја користат и Peugeot 308 и Citroen C4 Picasso. Каросеријата на новиот кросовер ќе биде долга 4,50 метри, што е помалку отколку кај актуелната Zafira Tourer, но просторноста на каросеријата ќе остане иста.

Поголемиот кросовер на Opel ќе се произведува во фабриката на PSA Peugeot Citroen во Сошо, Франција. Производството ќе стартува најдоцна кон крајот на следната година. Актуелната Zafira Tourer ќе продолжи да се произведува во матичната фабрика на Opel во Риселсхајм до 2018 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест на 35 модели на летни гуми од клубот АДАК (Трет дел: Димензија 205/55R16)

815 милиони евра дивиденда за најголемите акционери во BMW