за

Тура на сонцето: Најголемиот собир на „буба“ во Европа

Ерик Зигел со победничката буба-пикап на 10-годишнината на „Турата на сонцето“
Ерик Зигел со победничката буба-пикап на 10-годишнината на „Турата на сонцето“

Во германскиот Травеминде се одржува најголемиот собир на љубители на Volkswagen Beetle. Околу 500 возила настапуваат на јубилејната тура за десетгодишнината на собирот.

Три генерации на Beetle од шест декади учествуваат на јубилејната тура на брегот на Балтичкото Море, во германскиот град Травеминде. Поради големиот одѕив на учесниците, стартот на турата во нејзината десетгодишнина мораше да се премести на аеродромот во Либек, од каде што шарениот конвој се упати кон Травеминде. Освен од Европа и Кина, на собирот за прв пат учествуваат и љубители на „бубата“ од Мексико и Кореја.

Особеноста на „Турата на сонцето“ се состои во оригиналните креации на возилата, како услов за учество на истиот. На собирот може да се сретнат ангелски и ѓаволски, рокенрол и свадбарски, па дури и едриличарски буби. Наградата за најубава креација во оваа година му припадна на Ерик Зигел, специјалист за каросериски преправки, којшто вложи 1.000 работни часови за неговата „буба“ да ја претвори во благорорен пикап со облоги од тиково дрво. Дури и за неговиот пес е предвидено посебно место во товарната површина на пикапот, обработено со истата кожа како и седиштата вокабината. Во комплет со бубата оди и приколка, преработена во истиот стил, со што Ерик Зигел достојно ја заслужи титулата.

Volkswagen е долгогодишен партнер на собирот и специјално за десетгодишнината на „Турата на сонцето“ претстави верзија на актуелната „буба“ со 560 КС, како магнет за публиката. Beetle GRC потекнува од американската тркачка серија RallyCross и забрзува до сто за само 2,1 секунди. Тркачкото деби на GRCпретстои во септември во Лос Анџелес. Производителот ги прикажа и студијата Beetle Dune, со којашто се повикува на култот на баги возилата, како и модел од специјалната серија Beetle Carbiolet Karmann.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peel P 50: Култот на најмалечкиот автомобил на светот

Уште еден нов тркач од McLaren: 650S Sprint за 250.000 евра