за

Уште еден нов тркач од McLaren: 650S Sprint за 250.000 евра

Британскиот специјалист за брзини ја пополнува празнината меѓу „стандардниот“ 650S и екстремните GTR и GT3 со новиот модел 650 S Sprint.

Како што е вообичаено за тркачките автомобили за кружна патека, целата комфорна опрема е отстранета од кабината, со исклучок на клима уредот. „Sprint“ има заштитен кафез според правилата на FIA, интегриран систем за гаснење пожар и ремени со шест точки за двете седишта изработени од карбон. Во тркачкиот прибор спаѓа и заден спојлер што се исправува заради поефикасно сопирање, дотерана аеродинамика и модифицирана тркачка програма за активното подвозје (PCC или ProActive Chassis Control).

Со овие модификации, 650S Sprint нуди вистински перформанси на GT-тркач, брз притоа да се наруши балансот на стандардниот модел. Исто како кај 650S, оптимираната аеродинамика произведува поголем потисок, додека зголемените отвори за воздух се грижат за подобро ладење на моторот. Подвозјето е спуштено и има нова програма за активната амортизација, вклучувајќи покрути амортизери и пружини, а на бандажите од 19 инчи со централна завртка се монтираат сликови или гуми за дожд од Pirelli. Во подвозјето се вградени и посебни дигалки за побрзо менување гума на трка.

За погонот и за достигнување на брзини од преку 330 km/h се грижи истиот мотор од 650 S, што значи 3,8-литарски битурбо V8 со фабрички код M838T, со 650 КС и вртежен момент од 678 њутнметри. Спринтот од место до сто километри на час трае помалку од 3 секунди. Новиот модел на McLaren чини 200.000 фунти, односно околу 247.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ерик Зигел со победничката буба-пикап на 10-годишнината на „Турата на сонцето“

Тура на сонцето: Најголемиот собир на „буба“ во Европа

Мотори во порција од по половина литар