Студија на Др. Зомер: Исперете го автомобилот да го намалите стресот

Експертката за хормони Др. Зомер спроведе единствен стрес-тест. По два часа перење, кај испитаниците опадна нивото на хормонот на стрес кортизол и хормонот на паника адреналин.

Дваесет испитаници се најдоа на првиот и единствен стрес-тест со перење автомобил на познатата експертка за хормони Др. Зомер. Половината од нив беа во референтната група и два часа не правеа ништо, додека другата половина имаше задача два часа да го полира автомобилот до блесок. На крајот се испитуваа нивоата на хормоните. Нивоата на хормонот на стрес кортизол и хормонот на паника адреналин опаднаа кај сите десетмина испитаници што переа автомобил. Покрај тоа, значително се зголеми хормонот на концентрација ноарденалин во споредба со референтната група. Експертката заклучи дека перењето на автомобилот релаксира.

Испитувањата покажаа дека активностите што не се обавуваат секојдневно причинуваат среќа и имаат релаксирачко дејство. Различните стадиуми на задоволство се документираа со земање проби на крв. Во состојба на релаксираност треба да е намалено нивото на кортизол и адреналин, односно да е зголемено нивото на норадреналин – што и се случи на испитувањето.

Претходна објава250.000-от Mercedes oд фабриката во Унгарија
Следна објаваНаграда за дизајнерска иновација на годината за Audi TT

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here