250.000-от Mercedes oд фабриката во Унгарија

По две и пол години од отворањето, најновата фабрика на Mercedes во унгарскиот Кечкемет денес го произведе 250.000-то возило. Јубилејниот примерок е CLA 45 AMG наменет за Јапонија.

Првиот човек во фабриката на Mercedes во Унгарија, Томас Гајер, им искажа благодарност на вработените и на унгарските претставници од политиката, управата и од јавниот живот за континуираното и конструктивно партнерство. Фабриката во Кечкемет даде значаен придонес за успехот на Mercedes во класата на премиум компактите, со производството на класата B и на CLA, од коишто последниов се произведува единствено тука за глобалниот пазар.

Во првите осум месеци од годинава, за моделите од класите A, B, CLA и GLA се решија близу 290.000 купувачи, додека од стартот на продажбата во април 2013, Mercedes испорача преку 100.000 возила од моделот CLA. Лимузината на база на класата А постигнува најголем успех на најважниот пазар, во САД. Секое четврто продадено возило од оваа моделска серија му припаѓа на американски возач.

Претходна објаваДве премиери на Skoda Fabia во Париз: Старт и за комби изведбата
Следна објаваСтудија на Др. Зомер: Исперете го автомобилот да го намалите стресот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here