Уште една марка на концернот Volkswagen покрај Skoda освои награди на „Натпреварот на автомобилските марки“. Audi TT е одликуван за дизајнот, а матричните светла за иновацијата.
Марката со четирите прстени освои две награди на годинешниот „Натпревар на автомобилските марки“. Едната награда гласи „Иновација на годината“ и му припадна на новото купе Audi TT, додека втората награда е за матричните диодни светла во знаменосецот A8, како „Best of Best“. Доделувањето на значајните награди во светот на дизајнот и комуникацијата со јавноста ќе се одржи во четврток, на втори октомври, на салонот во Париз.
„Audi TT е дизајнерска икона и возна машина со врвни перформанси“, коментира Улрих Хакенберг, новиот прв инженер на Audi. „Со новата генерација успеавме возачот уште подобро да ја почувствува техниката – како што се очекува од вистински спортски автомобил.“ Оваа награда ќе ја придружува премиерата на новите Audi TT Roadster и TTS Roadster на салонот во Париз. Меѓу главните обележја на новата генерација е виртуелниот кокпит, огромниот дисплеј што ја заменува класичната табла со инструменти.
Уште еден модел доби одликување во рамките на реномираниот „Натпревар на автомобилските марки“. Знаменосецот A8 во минатата година стартуваше со новата технологија на осветлување – матрични диодни светла – која што е одликувана како најважна иновација. Со одликувања на салонот во Париз ќе се појават и Audi A3 Limousine, концептот Audi allroad shooting brake, како и дизајнирана фотелја, што стилистите на Audi ја креираа заеднички со Валтер де Силва и мануфактурата за мебел Poltrona Frau.
















