По две недели од светското деби во Париз, првиот Discovery Sport денес се симна од производствените ленти во Хејлвуд. Во следните пет години ќе има вкупно 50 новитети од Land Rover.
Новиот Discovery Sport, когошто англискиот производител го фали како најфункционален и најспособен компактен теренец од премиум сегментот е прв член во новото семејство на модели Discovery. Од почетокот на следната година, наследникот на Freelander ќе се продава на 170 пазари во светот. Во подготовката за производство во Хејлвуд и во отворањето 250 нови работни места вао фабриката, Land Rover инвестираше 200 милиони фунти.
Почетокот на производството на новиот Discovery Sport е значаен и за 55-те добавувачи, кои потпишаа договори во вредност од 3,5 милијарди фунти со Land Rover. Повеќето од добавувачите исто така инвестираа во долгорочната соработка со специјалистот за теренски возила и отворија вкупно 1.000 нови работни места во производствениот синџир на Land Rover.
Во Хејлвуд се произведува и најбрзо продаваниот модел во историјата на Land Rover, компактниот теренец Evoque под знакот на престижната подмарка Range Rover. Поради огромниот пазарен интерес за моделот, во последните четири години дојде до удвојување на бројот на вработени во фабриката, кадешто моментно се ангажирани 4.750 лица.
















