Според анкетата спроведена од познатиот портал mobile.de, возачките и возачите на BMW се најсекси, сопствениците на Volkswagen се симпатични, а тие што се зад воланот на Mercedes … дознајте сами.
Внимателно при купувањето автомобил, затоа што средината очигледно ги оценува возачите според изборот на марката на возилото. Тоа го покажа истражувањето што го спроведе познатата платформа за продажба на автомобили mobile.de меѓу 1.000 возачи. Според него, 12,2 проценти од испитаниците одговориле дека возачките и возачите на BMW се најсекси. На второто место се возачите на Audi со 10,4 проценти, додека сопствениците на Porsche се секси за 7,8 проценти од испитаниците. На следните места се пласираа Volkswagen со 6,6 проценти и Mercedes со 4,2 проценти.
Најсимпатични се возачите на Volkswagen. Дваесет проценти од анкетираните одговориле дека Volkswagen најмногу се залага нивните возила да одговараат за семејните потреби, како и да бидат издржливи и изработени квалитетно. Второто место според овој критериум го делат BMW и Opel со по 6,4 проценти, следи Audi со 6,3 проценти, пред Mercedes со 4,7 проценти.
Иако марката Mercedes во меѓувреме нуди мошне динамични модели, како класите A и C, возачите на марката со сребрената ѕвезда според анкетата се оценети како обични. Една третина од испитаниците (31,9 проценти) ја поврзуваат марката Mercedes со овој атрибут. Со големо заостанување следат BMW со 8,1% и Opel со 7,3 проценти. На четвртото место е Volkswagen со 6,6 проценти, пред Fiat со 2,0 проценти.















