Porsche е прва компанија со настан во Сикстинската капела

Porsche е прва компанија што ќе одржи корпоративен настан во Сикстинската капела во Ватикан. Околу 40 гости плаќаат по 5.000 евра за присуство на овој ексклузивен настан.

Вечерва, околу 40 гости на Porsche ќе слушаат концерт на класична музика во Сикстинската капела во Ватикан, по што ќе следува вечера во музејот покрај уметничките дела на врвните имиња во историјата на сликарството, како Микеланџело и Рафаел. Настанот е дел од ексклузивната тура во Рим што ја организира Porsche Travel Club, со цена на пакет од 5.000 евра. Папата Франциско дозволи капелата да се изнајми за приватни цели, а средствата од тоа ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Концертот е дел од програмата на Porsche Travel којашто предвидува петдневен престој во подрачјето на Рим, вклучувајќи посети на повеќе туристички атракции. Покрај концертот во Сикстинската капела, гостите на програмата ќе можат да ги посетат ватиканските музеи вон работното време, папските градини во Ватикан и некрополата на Виа Триумфалис. Програмата секако вклучува и дводневно возење во подрачјето на „вечниот град“. Во капелата и претходно се одржувале концерти, но само во рамките на црковните активности. Папата Франциско нема да присуствува на настанот на Porsche.

Претходна објаваАнкета: Возачите на BMW се секси!
Следна објава20 години од првиот модел на Skoda под концернот Volkswagen

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here