за

Audi стартува со тркачка серија за новиот TT

Купот на Audi TT ќе се вози од следната година во рамките на германското првенство на кружни патеки, овозможувајќи им влез во мотоспортот на талентираните возачи.

Со сопствена тркачка серија за Audi TT, марката со четирите прстени им нуди нова можност на талентираните возачи за влез во светот на мотоспортот. Купот Audi Sport TT ќе се вози од следната сезона во рамките на DTM, германското првенство на кружни патеки. Audi веќе има започнато слична серија со воведувањето на Audi R8 RMS во Азија. Тркачката верзија на новиот Audi TT располага со 310 КС при тежина од само 1.125 килограми. Преку т.н. функција Push-to-Pass, моќноста на дволитарскиот мотор TFSI краткотрајно се зголемува за 30 КС.

Во сезоната 2015 се планирани по две трки на купот Audi Sport TT на шесте трки во DTM во Германија и во соседните земји. Спортското одделение quattro GmbH ги подготвува 24-те возила и ги става на располагање за приватните тркачи. Шест места зад воланот се резервирани за гостински возачи што ќе се менуваат, додека заинтересираните возачки и возачи можат да конкурираат за останатите 18 места веднаш на www.audi-motorsport.com. Услов за аплицирање е да се поседува тркачка лиценца, а секако е предност доколку апликантите претходно имаат возено во друга серија. Изборот во повеќе етапи ќе се врши во соработка со Audi driving experience.

Како експерт за обука ќе стои на располагање тркачкиот професионалец Маркус Винкелхок. Поранешниот пилот во DTM и победник на овогодишната трка „24 Часа Нирбургринг“ веќе го тестираше TT cup. Неговите впечатоци: „Audi TT cup е вистински тркачки автомобил, совршен за почетници, но и покрај тоа предизвикувачки за возење. Веднаш се чувствува дека се седи во Audi и се препознава тесната поврзаност со останатите тркачки возила на марката.“

Исклучително лесната каросерија на третата генерација на TT со интелигентна комбинација на челик и алуминиум претставува совршена основа за тркачки автомобил., Дволитаскиот TFSI и шестстепениот S tronic се речиси идентични со сериската верзија. За оптимална тракција на предната оска се грижи активен диференцијал што по електронски пат се дотерува од возачкото место.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai започна со производство на новиот i20 во Турција

Стартуваше производството на Land Rover Discovery Sport