Реклама со последици: Chevrolet го каменува Ford F-150

Конкуренцијата четири децении се обидува да го симне пикапот на Ford од тронот. Во последниот обид, Chevrolet применува драстични мерки, со видео во коешто буквално го каменува најпродаваниот пикап во САД.

Пикапите им служат на Американците за увежбување на чувството на големина, но и за работа. Chevrolet го зема во предвид вториов аспект и пушти рекламна ремпања во којашто буквално фрла со камења врз Ford F-150, како најпродаван пикап на американскиот пазар во последните четири децении. Борбата меѓу нив се одвива веќе со децении. Chevrolet стартуваше со Silverado единствено со цел да го симне Ford од тронот. Но, тоа никогаш не му успеа. Можеби сега ќе му тргне подобро на пикапот на Chevy, по каменувањето на F-150.

https://youtu.be/BTm2F4ysQrE

Рекламната кампања се состои од повеќе видеоклипови, а во највпечатливиот од нив, Chevrolet фрла десетици гранитни блокови врз товарната површина на сопствениот Silverado и на конкурентскиот F-150. Блоковите тешки близу четиристотини килограми паѓаат од висина од околу три метри. Резултатите се мошне убедливи: Додека Chevrolet добива само неколку нагмечувања, кај F-150 следуваат поголеми оштетувања, па дури и пукање на подот.

На овој начин, Chevrolet има намера да укаже на слабоста на алуминиумската конструкција на Ford, наспроти челичната и потешка конструкција на Silverado. Колку се автентични резултатите од тестирањето е под голем знак на прашање. Но, одмерувањето на силите со пазарниот лидер на Ford сигурно нема да заврши со овие неколку клипови.

Претходна објаваAudi City Paris: Спектакуларен авто-салон во срцето на светската метропола
Следна објаваТеренецот Levante ќе стане најпродаван модел на Maserati

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here