Поранешен експерт на Apple ќе работи на дигитализација во Volkswagen

Позитивно изненадување пристига од концернот од Волфсбург, кој е погоден како жртва за еко-мамењето во браншата. Врвен експерт од Apple е ангажиран да работи на дигитализацијата на идните модели на Volkswagen.

Јохан Јунгвирт, врвен експерт на електронскиот гигант Apple, ќе раководи со новоотвореното деловно поле на Volkswagen, во „дигитализациската стратегија“. Јунгвирт се повлече лани од директорската позиција во таканаречената „група за специјални проекти“ во Apple. Неговиот ангажман беше потврда дека производителот на информатичка технологија има сериозни намери со електричниот автомобил iCar.

Претходно, 42-годишниот Германец работеше повеќе години во Mercedes, меѓу другото и како раководител на ценарот за истражување и развој на марката во Санивејл, Калифорнија. Јунгвирт беше задолжен за развој на автономни возила, како и на техники за вмрежување на возилата.

Дигитализацијата на возилата не се однесува само на автономни или вмрежени автомобили, туку и на нови деловни модели. Станува збор за огромна база од податоци што производителите ги црпат од корисниците и понатаму можат да се користат за голем број на услужни дејности. Повеќе производители на автомобили планираат да го искористат потенцијалот на податоците што ги добиваат од возилата. Toyota неодамна објави дека од јануари 2016 година ќе стартува во полето на вештачката интелигенција со центарот во Сончевата Долина.

Претходна објаваMcLaren со ексклузивен 650S Spider Al Sahara на салонот во Дубаи
Следна објаваНаградата „Златен волан“ за новите Audi A4 и Audi R8

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here