за

McLaren со ексклузивен 650S Spider Al Sahara на салонот во Дубаи

McLaren денес го претстави 650S Spider Al Sahara 79 наменет само за купувачите на Средниот Исток. Вообичаено за регионот, спортскиот автомобил доаѓа со многу злато и со асоцијации на злато.

Британскиот специјалист за спортски автомобили има специјална моделска изведба на 650S Spider, со дополнителна ознака Al Sahara 79. Автомобилот развиен од специјалното одделение на McLaren и дотапен само за купувачите од Средниот Исток, денес беше претставен на салонот во Дубаи.

McLaren 650s Sahara (1)
Сите прекинувачи се финиширани со злато, како симбол на изобилството и луксусот во регионот на Средниот Исток

„Al Sahara“, од арапскиот збор за пустина, впечатлив е по каросеријата лакирана во боја на бело злато, со дискретен сјај, како инспирација од златните песоци кои сеглавно обележје на природната средина на Средниот Исток. Дискретниот сјај доаѓа од честичките 24-каратно злато, кои се додадени во основната боја. Благородниот метал е симбол за изобилството и луксузот во регионот и има реден број 79 во хемискиот систем на елементи.

За контраст, преклопливиот покрив и бандажите се лакирани во сјајна црна боја, на што се надоврзува карбон за страничните канали за воздух, предниот сплитер и задниот дифузор, како и специјални странични прагови за моделот, изработени исто така од карбон со видлива структура. Внатрешноста е облагородена со кожени облоги на седиштата во бадемово бела боја, со детали во воланот, средишната конзола и вратите во боја на каросеријата. Сите прекинувачи и отворите за проветрување се финиширани во боја на старо злато.

Моторот е 3,8-литарски V8, твин-турбо, со 650 КС и 678 Nm, идентичен со 650S, па соодветно на тоа и перформансите се исти: Спринт до сто за 3,0 секунди и крајни 329 km/h. Цената за специјалниот McLaren 650S Spider Al Sahara 79 изнесува 400.000 американски долари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Светска премиера на златен Brabus со 900 КС на салонот во Дубаи

Поранешен експерт на Apple ќе работи на дигитализација во Volkswagen