за

Наградата „Златен волан“ за новите Audi A4 и Audi R8

Новите генерации на лимузината од средната класа Audi A4 и суперспортскиот Audi R8 ја освоија наградата „Златен волан“ за 2015 година. На традиционалниот избор решаваат гласовите на публиката и на стручното жири.

На новите Audi A4 и Audi R8 им се позлати воланот за годинава. Така решија гласовите од читателите на магазинот Auto Bild и на Bild am Sonntag, заедно со оцените од меѓународното експертско жири. Наградите што се вбројуваат меѓу најреномираните одликувања во автомобилската бранша се доделуваат вечерва во централата на издавачката куќа Axel Springer во Берлин.

Руперт Штадлер, шеф на Audi AG, на доделувањето изјави: „Особено се радуваме што повторно постигнуваме успеси на оваа реномирана манифестација. Златните волани ќе ни дадат дополнителен елан за следниот степен во нашата моделска офанзива.“

Winner of the „Golden Steering Wheel 2015”: Audi R8 and AudiAudi R8 подеднакво ги одушеви читателите и жирито во категоријата на спортски автомобили. Наградата му беше врачена на Хајнц Холервегер, директор на quattro GmbH: „Новиот Audi R8 е најсилен и најбрз сериски модел во историјата на Audi. Тој е динамичниот врв на Audi и најблиску е до мотоспортот од сите наши автомобили.“

Успехот на марката со четирите прстени го комплетираше и второто место на новиот Audi Q7 во категоријата на луксузни автомобили. Марката Audi има дури 25 награди во 40-годишната историја на доделувањето на Златниот волан, што е повеќе од која било друга марка.

Годинава за наградите конкурираа 38 автомобилски новитети. Останатите награди се доделуваат во категориите на градски автомобили, компактни автомобили, спортски теренци од средната класа и семејни автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поранешен експерт на Apple ќе работи на дигитализација во Volkswagen

BMW со награда „Златен волан“ за серијата 7, за X1 и за Gran Tourer