за

Петпати околу светот со мотоцикл

Швајцарецот Фреди Ур помина 200.000 километри за четири години со неговиот Victory Vision Tour. Тоа растојание е исто како петпати да се обиколи светот.

Фреди има направено повеќе маратонски тури во неговите 200.000 километри со Victory Vision, како на пример од турската Анкара до шкотскиот Џон О’Гроутс, потоа 14.000 километри по целата територија на Франција, ги има извозено и британските острови, како и иберискиот полуостров. На тоа се надоврзуваат и многубројните тури по швајцарските планини.

Единствена интервенција во мотоциклот беше замена на лежиштата на тркалата на 137.000 километри. Пред да замине на неговата тура од соништата, обиколка на целиот Медитеран, Швајцарецот ќе мора да направи куса пауза. Мотоциклот на Фреди Ур ќе биде изложен на штандот на американската марка на салонот во Келн, којшто почнува во следниот вторник.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault и Iveco со најдобри новитети на салонот на товарни возила во Хановер

Volvo V40 Cross Country отсега и со погон на сите тркала