за

Volvo V40 Cross Country отсега и со погон на сите тркала

5. VOLVO V40, продадени примероци 38,985 (+6.7%)

Тоа што на многумина им недостигаше кај кросоверот на база на V40 конечно може да се реализира. V40 Cross Country го доби турбомоторот од T5 со 245 КС – плус погон на сите тркала.

Со 245 КС и вртежен момент од 350 њутнметри, дволитарскиот бензинец со турбонатполнење ја нуди неопходната динамика за сите љубители коишто шведската марка ја препознаваат и како производител на спортски автомобили, а не само како подвижни замоци. Овој мотор доживеа премиера во стандардниот V40 во почетокот од годинава и сега е достапен и во кросоверот. Секако дека погонот на сите тркала само дополнително го проширува теренот на ангажирање на V40 Cross Country. Моторот ја пренесува силата до сите тркала преку осумстепен автомаски менувач, со можност за мануелна контрола на менувањето на степените со рачките зад воланот.

Швеѓаните се особено горди на штедливоста на новата генерација мотори Drive-E со унифицирана работна зафатнина на цилиндар. Во поглед на потрошувачката на гориво, V40 Cross Country T5 ги остава зад себе конкурентите Audi Q3 TFSI quattro, BMW X1 xDrive20i и Mercedes GLA 220 4Matic.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Петпати околу светот со мотоцикл

Cadillac се враќа во највисоката лига во 2015 година