Renault и Iveco со најдобри новитети на салонот на товарни возила во Хановер

Меѓународно жири од експерти ги изгласа новитетите од Renault Trucks и Iveco како најдобри на салонот на товарни возила во германскиот град Хановер.

Титулата „Камион на годината“ во 2014 му припадна на Renault Trucks S со 129 бодови и со предност од 48 бодови пред второпласираниот камион во изборот. Меѓу лесните доставни воизла побди Iveco Daily со 17 бодови предност пред конкурентите од Mercedes, Ford, Fiat и Renault/Opel. Наградите беа врачени на салонот на товарни возила во Хановер. Најголемиот и најважен салон од овој вид во светот трае до втори октомври и се одржува од германската асоцијација на производители на возила.

iveco daily

Претходна објаваHonda Civic во освежено издание за салонот во Париз
Следна објаваПетпати околу светот со мотоцикл