Дали знаете дека во Австрија се плаќа казна до 5.000 евра доколку не се почитуваат одредбите за зимска опрема во возилото и се предизвика опасност во сообраќајот? Во Холандија и Ирска не смеат да се користат синџири за снег, во Швајцарија и Лихтенштајн возачот со летни гуми на возилото сноси одговорност доколку предизвика незгода.
Возачите што зимово ќе патуваат во некоја европска држава треба да внимаваат на правилата за поседување и користење зимска опрема што важат во земјата – и во сите земји дотаму. Зимски пневматици или пневматици за сите сезони не се задолжителни во сите земји, но може привремено да бидат пропишани со сообраќајни знаци доколку се влошат условите.
Во некои земји може да чини многу скапо доколку не се користи зимска опрема во возилото. Во Австрија, на пример, возачот на автомобил што не поседува зимски пневматици кога условите на патот го пропишуваат тоа, може да плати казна во висина и до 5.000 евра, доколку предизвика опасност во сообраќајот. Во Шведска мора во возилото да се поседува и средство против замрзнување на течноста за ладење на моторот (антифриз) и лопата за снег. Кои правила важат во земјите на територијата на Европа можете да проверите во следниот список.
Обврска за зимска опрема во Европа
| Држава | Обврска за зимски гуми | Синџири за снег |
| Австрија | При снег или мраз, возила до 3,5 тони мора да поседуваат зимски гуми на сите тркала меѓу 1-ви ноември и 15-ти април (M+S или M&S со min. 4 mm) или синџири на најмалку 2 погонски тркала. Казна 35 евра, при загрозување до 5.000 евра. | Возила до 3,5 t (вклучувајќи странски) мора да користат синџири при снег или мраз на патот меѓу 1-ви ноември и 15-ти април; препорака до 50 km/h |
| Албанија | Нема обврска за зимски гуми, но се препорачува зимска опрема (длабочина на профил на зимски гуми min. 4 mm) | |
| Белгија | Нема обврска за зимски гуми; (дозволени се од 1-ви октомври до 30-ти април) | Користење само при снег или мраз на пат |
| Босна и Херцеговина | Обврска за зимски гуми меѓу 15-ти ноември и 15-ти април; M+S-зимски гуми на погонски тркала се задолжителни (min. 4 mm) | Дозволено користење |
| Бугарија | Обврска за зимски гуми при снег или мраз на патот (не важи за странски возила, но се препорачува); Задолжително на сите тркала, min. 1,6 mm | Може да се пропишани со сообраќаен знак и тоа важи и за странски возила; возење до 50 km/h |
| Велика Британија | Нема обврска за зимски гуми | Дозволено доколку не се оштетува патот |
| Германија | Според ситуацијата (важи и за странски возила), гуми со ознака M+S се задолжителни при снег и мраз. Казна 40 евра, при попречување на сообраќајот 80 евра + 1 бод | Обврска само ако се пропишани со сообраќаен знак; возење до 50 km/h |
| Грција | Нема обврска за зимски гуми | Дозволени се само при снег на патот |
| Данска | Нема обврска за зимски гуми | Може да бидат потребни |
| Естонија | Обврска за зимски гуми (min. 3 mm) меѓу 1-ви декември и 1-ви март (зависно од условите, од октомври до април) | Дозволени се само при снег на патот |
| Ирска | Нема обврска за зимски гуми; ако се користат, мора да се монтираат на сите тркала; min. 1,6 mm | Забрането |
| Исланд | Обврска за зимски гуми (важи и за странски возила) од 1-ви ноември до 15-ти април (зависно од услови); min. 1,6 mm | По потреба |
| Италија | Обврска за зимски гуми (важи и за странски возила) може да важи на некои делници при снег и мраз. Во Аоста постои обврска за зимски гуми или за носење синџири за снег меѓу 15-ти октомври и 15-ти април; во други региони може да се пропише со знак меѓу 15-ти ноември и 31-ви март; min. 1,6 mm; Од 2014: Ако брзинскиот индекс е под крајната брзина на возилото, зимски гуми не смеат да се возат по 15-ти мај! | При обврска за синџири може да се вози со зимски гуми или синџири за снег; возење до 50 km/h |
| Кипар | Нема обврска за зимски гуми | Дозволено на планински патишта |
| Летонија | Обврска за зимски гуми за возила до 3,5 t меѓу 1-ви декември и 1-ви март | Дозволени се само при снег на патот. |
| Лихтенштајн | Нема обврска за зимски гуми; Се препорачуваат при зимски услови; возачот сноси одговорност при незгода | Може да се пропишани со сообраќаен знак. Затоа се препорачува да се поседуваат во возилото |
| Литванија | Обврска за зимски гуми меѓу 10-ти ноември и 1-ви април | Дозволени се само при снег на патот |
| Луксембург | Обврска за зимски гуми при зимски услови (мраз или снег) | Дозволено при снег и мраз |
| Македонија | Обврска за зимски гуми (важи и за странски возила) од 15-ти ноември до 15-ти март (min. 4 mm за возила до 3,5 t, за потешки возила и погон на сите тркала 6 mm; при летни гуми со соодветна длабочина мора да се поседуваат синџири за снег на погонските тркала и по потреба да се користат) | Дозволено; возење до 70 km/h |
| Малта | Нема одредба | Нема одредба |
| Норвешка | Нема обврска за зимски гуми, но се препорачува; при снег може да се користат летни гуми со синџири за снег; Кога се користат зимски гуми мора да се монтираат на сите тркала (min. 3 mm) | Задолжително поседување за возила над 3,5 t; Влезот може да се забрани доколку не се поседуваат |
| Полска | Нема обврска за зимски гуми | Дозволени се само при снег на патот |
| Португалија | Нема обврска за зимски гуми | Дозволени се само при снег на патот |
| Романија | Нема обврска за зимски гуми | Препорака во планинските региони |
| Русија | Во европскиот дел се препорачуваат зимски гуми, во источните региони зимски гуми со клинци | Дозволено |
| Србија | При мраз и снег постои обврска за зимски гуми за возила до 3,5 t (важи и за странски возила) од 1-ви ноември до 1-ви април (M+S, min. 4 mm на сите тркала). | Мора да се поседуваат во возилото и при мраз или снег да се користат (или ако е пропишано) |
| Словачка | Обврска за зимски гуми за возила до 3,5 t (важи и за странски возила) при снег или мраз (M+S¸ min. 3 mm). | На погонски тркала само при снег или мраз на пат |
| Словенија | Меѓу 15-ти ноември и 15-ти март (исто и при зимски услови на пат) возила до 3,5 t мора да имаат зимски гуми на сите тркала (min. 3 mm) или при летни гуми (min. 3 mm) мора да се поседуваат синџири за снег во возилото. Важи и за странски возила при зимски услови. | Возење до 50 km/h |
| Турција | Нема обврска за зимски гуми, при зимски услови важи обврска меѓу декември и март | Дозволени се само при снег на патот. |
| Украина | Од ноември до март важи обврска за зимски гуми (важи и за странски возила); min. 6 mm | Дозволено |
| Унгарија | Нема обврска за зимски гуми; Може да се пропише со сообраќајни знаци. | Дозволени се само при снег на патот. Користење или поседување може да се пропише при посебни услови на одредени патишта. Возење до 50 km/h. Може да се забрани влез доколку возилото не поседува синџири. |
| Финска | Обврска за зимски гуми (важи и за странски возила) од 1-ви декември до 28-ми февруари (ознака M+S, min. 3 mm) | По потреба. Патот не смее да се оштетува. |
| Франција | Нема обврска за зимски гуми; Може да се пропишани со сообраќаен знак, особено на планина; M+S min. 3,5 | Може да се пропишани при снег на патот; возење до 50 km/h. Некои делници може да се затворени на крајот на сезоната |
| Холандија | Нема обврска за зимски гуми | Забрането |
| Хрватска | Нема обврска за зимски гуми, но се препорачува меѓу ноември и април да се поседува зимска опрема при снег и мраз на патот (гуми со ознака M+S на погонски тркала, min. 4 mm, над 5 cm снег или мраз мора и синџири на погонски тркала и лопата за снег). | Мора да се поседуваат во возилото (за погонските тркала). Мора да се користат над 5 cm снег или при мраз; Задолжително во Лика и Горски Котар |
| Црна Гора | Обврска за зимски гуми меѓу 15-ти ноември и 31-ви март | Користењето може да биде неопходно на некои патишта |
| Чешка | При снег или мраз, возила до 3,5 t мора да поседуваат зимски гуми меѓу 1-ви ноември и 31-ви март (min. 4 mm); Обврската за зимски гуми може да се пропише и кога се очекува снег или мраз на патот или со сообраќаен знак | Дозволени се само при снег на патот |
| Швајцарија | Нема обврска за зимски гуми; Препорака за зимски гуми при снег и мраз на патот, затоа што се наплаќа казна за попречување на сообраќајот; при незгода со летни гуми возачот сноси одговорност. | Мора да се користат (барем на две погонски тркала) доколку се пропише со сообраќаен знак. Исклучок за возила со погон на сите тркала мора да се наведе со сообраќаен знак |
| Шведска | Обврска за зимски гуми важи и за странски возила до 3,5 t. Меѓу 1-ви декември и 31-ви март овие возила и нивната приколка мора да поседуваат зимски гуми (M+S; со или без клинци, min. 3 mm) при зимски услови на пат (снег, мраз, влажност). Задолжително мора да се носи антифриз и лопата за снег. | Дозволено доколку постои потреба. |
| Шпанија | Нема обврска за зимски гуми | Само при снег на патот; возење до 50 km/h |
















