за

Ова не е играчка: Избор за модел на автомобил на годината

Во светот постојат безброј избори на најдобри автомобили, според најразлични критериуми. Или интереси. Повеќето од нив остануваат незабележани и тоа е добро, но еден избор заслужува повеќе внимание, иако автомобилите на него се малечки. Многу малечки. Специјализиран магазин секоја година ги избира најдобрите модели на автомобили. Буквално модели, во смален размер.

Малечките автомобили од витрините на колекционерите некогаш можат да бидат и мошне големи. Специјализираниот магазин за модели на автомобили Model Fahrzeug – а зарем би било чудно тоа што станува збор за германски магазин – цели 26 години ги избира најдобрите модели во повеќе категории.

Доделувањето на наградите досега се одвиваше кај производителите на автомобили, оние големите, а годинава свеченоста за првпат се одржа кај производител на автомобили, оние малечките, кај познатиот специјалист за тркачки патеки (во размер), Carrera. Поточно, во Carrera-World, како што се нарекува центарот посветен на овој мал голем свет во Оберасбах во близина на Нирнберг.

Ferrari 250 GTO (1-28) Kyosho

Апсолутен победник меѓу 162 кандидати годинава е легендарниот BMW M1 Procar од Carrera, во верзијата на Ханс Јоаким Штук. Таа е победник во категоријата „слот-рејсинг: 1:24“, но и „супермодел на годината“. Наградата за иновација му припадна на Lego со комплетот за Mercedes-Benz Arocs во верзија на кипер. Одликувањето за „топ марка за пример“ по 16-ти пат му припадна на Mercedes.

Новиот Porsche 911 од Herpa во размер 1:87 е најевтин победник со цената од 13,95 евра. На спротивниот крај е дречливо жолтиот и далечински управуван Ferrari 250 GTO од Kyosho во размер и со цена од 225,95 евра.

Останатите победници во одделните категории на изборот:

  • Porsche 936 Le Mans од Spark Model (категорија: 1:87, класични автомобили)
  • Hanomag Kurier со натоварена Isetta од Schuco (1:87, товарни возила)
  • Porsche 911 Turbo од Herpa (1:43, големосериски автомобили)
  • Mercedes O 6600 H Тркачка служба „Esso“ од Schuco (1:43, товарни возила)
  • Ferrari 512 S NART Le Mans од Looksmart (1:43, малосериски автомобили)
  • NSU Quickly со фигура од Schuco (1:10, мотоцикли)
  • Borgward-Traktor од Schuco во размер 1:43 (категорија 1:32 & 1:43, земјоделски машини)
  • Volkswagen Beetle „Herbie“ од Hot Wheels (1:18, класични автомобили)
  • Porsche 919 Le Mans од Spark Model (1:18, актуелни модели)
  • Porsche 918 RS Spyder во размер 1:12 од GT Spirit (нестандардни размери)

Меѓу китовите за изработка победија Porsche 911 SC Targa од High Tech Model (1:87), McLaren F1 GTR од Renaissance (1:43) и Porsche 934 RSR од Revell (1:24/25, патнички возила), како и уште два модела од Revell, Volkswagen T1 „Lufthansa“ (1:24/25, товарни возила) и BMW Isetta 250 во размер 1:16 (нестандардни размери).

Porsche 918 RS Spyder (1-12) GT Spirit

Покрај Ferrari 250 GTO од Kyosho (електрични, бизнис класа), најдобар автомобил со далечинска контрола е Porsche 918 RS Spyder во размер 1:14 од Maisto/Bauer (електрични, економска класа). Кај слот-моделите во размер 1:32 победи Carrera со уште еден модел на Porsche, 917 K.

Најдобри марки се Minichamps (колекционери), Revell (китови за изработка), Tamiya (далечинска контрола) und Carrera (слот-трки).

[FAG id=26148]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овие обврски за зимска опрема важат во европските земји

Volvo ја преселува европската продукција на S90 во Кина