Новиот Mercedes E-Class пристигна со прва класа во Мак Аутостар

Мајсторите за спектакли на Мак Аутостар го одбележаа пристигањето на најважниот новитет на Mercedes за годинава со уште едно возбудливо инсценирање на луксузот и престижот што стојат зад сребрената ѕвезда.

Стјуардеси во салонот на Мак Аутостар? Ќе беше изненадување ако застапникот на Mercedes за Македонија не го подготвеше следното изненадување во знак на пристигањето на најважниот новитет на марката со сребрената ѕвезда за оваа година, на новиот Е-Class. Насмевките со кои стјуардесите ги поздравуваат посетителите во салонот пред специјално подготвениот оддел за новиот E-Class секако дека не се случајни, затоа што таму следува атмосфера на каква што се наидува во луксузните ВИП-салони во светските аеродроми, достојна за возењето во прва класа во последната генерација на бизнис-лимузината на Mercedes.

Фабричката ознака W213 на новата генерација асоцира веднаш на синонимот за Mercedes од вишата класа, легендарниот W123
Фабричката ознака W213 на новата генерација асоцира веднаш на синонимот за Mercedes од вишата класа, легендарниот W123

Секако дека постои повод зад овој несекојдневен организациски ангажман на македонскиот тим на Mercedes, за поздравувањето на новиот E-Class да биде запишано и запомнето како уште еден историски момент на марката од Штутгарт. Преку оваа моделска серија имаат пристигано едни од најзначајните и најреволуционерни технички достигнувања во историјата на автомобилизмот воопшто, а тоа не е сменето ниту при премиерата на генерацијата со фабричкиот код W 213. Оваа бројка многумина ќе ги потсети на легендарниот W 123, генерацијата што е синоним за вредностите врз коишто се темели имиџот на E-Class. Отсега, W 213 ќе биде синоним за овие вредности.

Новиот E-Class е способен самостојно да смени лента по барање на возачот

Иновациски предводник на новиот E-Class е системот Drive Pilot, кој во моментов е најблиску до тоа што за само неколку години ќе следува како технологија за автономно возење во сериските автомобили. Овој систем што се базира на најсовремена сензорика овозможува возилото да одржува брзина со колоната пред себе на безбедно растојание, при брзини и до 210 километри на час – како поздрав од делниците со неограничена брзина на германскиот аутобан.

И стјуардесите најдоа начини да го искористат луксусот и комфорот во новиот E-Class
И стјуардесите најдоа начини за најсоодветно да го искористат луксусот и комфорот во новиот E-Class

За тоа време, возачот се растоварува од потребата од постојано коригирање на брзината со сопирање и забрзување, што претставува придобивка и за комфорот и за безбедноста. Тоа што го прави E-Class посебен сепак е способноста на Drive Pilot самостојно да врши и корекции на правецот, односно да ја следи линијата на свијоците при возење по автопат. Ултимативниот спектакл следува со можноста возилото самостојно да премине во лентата за престигнување, откако возачот ќе ги вклучи трепкачите и откако сензориката ќе утврди дека не наидува возило по лентата за престигнување.

Паркирање преку мобилна апликација додека возачот стои покрај возилото

Со читање на сообраќајните знаци и на брзинските ограничувања од системот за навигација, E-Class може и самостојно да ја приспособи брзината на возење според актуелните услови, како способност на системот наречен Speed Limit Pilot. Паркирањето преку далечинска контрола, односно преку апликација во мобилниот телефон, додека возачот стои надвор од возилото, претставува детска игра покрај сите способности на техниката во бизнис-лимузината на Mercedes,

Исто како што овие прекрасни дами умеат со шармот да го направат престојот на секој патник во авионот, така и класата Е со техниката прави возењето да биде уживање
Исто како што овие прекрасни дами умеат со шармот да го направат пријатен престојот на секој патник во авионот, така и класата Е со техниката прави возењето да биде уживање

Следно ниво на техниката на осветлување воведуваат опционалните мулти-диодни светла со висока резолуција и со модули составени од по 84 светлечки диоди, кои овозоможуваат суверено и прецизно осветлување на патот, без заслепување на останатите учесници во сообраќајот.

Многу детали се откриваат во подрачјето на аеродинамиката, како еден од темелите на исклучителната штедливост на престижната лимузина. Исто како и кај останатите моделски серии од последниве години, новата E-Class поставува рекорд со коефициентот на отпор на воздух од Cd 0,23. Какви сé детали придонесуваат за оваа врвна вредност, може да се земе пример од речиси невидливиот раб во задните светла, којшто може да се открие само на допир, но затоа е крајно ефикасен во поглед на правилното водење на воздушните струи.

Во ера кога претстои масовна електификација на погонската спрега, малкумина производители инвестираат во нови генерации мотори. Mercedes сепак се реши да инвестира и во нови мотори. Предводник во иновациите во погонот во новиот E-Class е дволитарскиот дизел, кој потоа ќе следува во речиси сите моделски семејства на Mercedes. Во првата фаза од комерцијализацијата, понудата ќе ја сочинуваат E 220 d со новиот дизел OM 654 и бензискиот Е 200, за потоа да следат E 350 d, бензинецот E 400 4Matic, како и плагин-хибридот E 350 e.

Целата понуда на мотори во E-Class (без моделите на Mercedes-AMG)

Модел Работна зафатнина во ccm kW / КС Nm 0-100 km/h во s. l/100 km CO2

g/km

E 200 1991 135/184 300  

 

7,7

 

5,9 132
E 300 1991 180/245 370 6,3 6,6 149
E 400 4MATIC 3498 245/333 480 5,3 7,7 174
 

E 220 d

 

1950 143/194 400 7,3 3,9 102
E 350 d 2987 190/258 620 5,9 5,1 133
E 350 e

 

1991 210/286

(155+65

211+88)

550

(350+

440)

6,2 2,1 49

 

Во поглед на уредувањето на внатрешноста, новиот E-Class е практично еден автомобил во две различни изведби. По повисоките нивоа, во средината на кокпитот доминира дисплеј со пречник од 31 сантиметри, најголем во класата, а покрај него и дигитална табла со инструменти, со ист пречник. Во поглед на исполнувањето на желбите и стилот на купувачите, таблата со инструменти е достапна во три изведби „класична“, „спортска“ и „прогресивна“. На тоа се надоврзува и избор меѓу 64 различни бои за амбиенталното осветлување на кабината, што само дополително го нагласува чувството на „прва класа“.

mercedes e-class mak autostar 6

Класата E пристига и со комплетно нова генерација седишта и широк избор од варијанти во тој поглед, со дијапазон од крајно комфорни до крајно спортски седишта. Со доплата се нуди и системот Warmth & Comfort, со загревани потпирачи за рака, волан, па дури и средишна конзола. Загревани седишта секако се подразбираат како дел од оваа опција.

Разлика во димензиите меѓу новиот и претходниот модел

  Нов E-Class Претходник Разлика
Каросерија      
Должина во mm 4923 4880 +43
Ширина во mm 1852 1854 -2
Висина во mm 1468 1471 -3
Меѓуоскино растојание во mm 2939 2874 +65
Ширина на трага напред во mm 1620 1600 +20
Ширина на трага назад во mm 1626 1619 +7
       
Кабина      
Простор за колена назад во mm 75 69 +6
Ширина кај рамениците напред / назад во mm 1467/1450 1467/1446 0/+4
Багажник во l 540 540 0

 

Каросеријата на лимузината порасна за 43 милиметри во должина, на сегашните 4.923 милиметри, но уште повеќе доби меѓуоскиното растојание, со плус од 65 милиметри, односно 2.939 милиметри меѓу оските. Суспензијата е достапна во три нивоа: Comfort, Avantgarde и Sport, секоја соодветно на името што го носи. Секако дека е тука и можноста за повеќекоморна пневматска амортизација, како единствена понуда во класата. Возачот може да избира и меѓу 4 различни реакции на подвозјето, преку системот Dynamic Select и опциите Comfort, Eco, Sport и Sport+. Во комбинација со пневматска амортизација Air Body Control следува ниво на приспособливост во насока на комфорот или динамиката што се единствени во конкуренцијата на Mercedes E-Class.

Технички податоци и цени за новиот Mercedes E-Class

  E 220 d E 350 d E 200
Мотор турбодизел, 4 цилиндри, 4 вентили, 1950 ccm турбодизел, 6 цилиндри во V, 4 вентили, 2987 ccm турбо-бензинец, 4 цилиндри, 4 вентили, 1991 ccm
Моќност 194 КС при 3800/min 258 КС при 3400/min 184 КС при 5500/min
Вртежен момент 400 Nm при 1600/min 620 Nm при 1600/min 300 Nm при 1200/min
Компресија 15,5:1 15,5:1 9,8:1
Менувач автоматски менувач со 9 степени, 9G-Tronic автоматски менувач со 9 степени, 9G-Tronic автоматски менувач со 9 степени, 9G-Tronic
Гуми 205/65 R 16 225/55 R 17 205/65 R 16
Бандажи 7,0Ј х 16 7,5Ј х 17 7,0Ј х 16
Димензии      
Меѓуоскино растојание 2939 mm 2939 mm 2939 mm
Ширина на трага напред / назад 1616 / 1619 1600 / 1603 1616 / 1619
Должина 4923 mm 4923 mm 4923 mm
Ширина 1852 mm 1852 mm 1852 mm
Висина 1468 mm 1474 mm 1468 mm
Круг на вртење 11,60 m 11,60 m 11,60 m
Багажник 540 L 540 L 540 L
Тежина 1680 kg 1800 kg 1605 kg
Носивост 640 kg 640 kg 640 kg
Резервоар 50 L 50 L 50 L
Перформанси      
Забрзување 0-100 km/h 7,3 s 5,9 s 7,7 s
Крајна брзина 240 km/h 250 km/h 240 km/h
Просечна потрошувачка 3,9 – 4,3 L/100 km 5,1 – 5,5 L/100 km 5,9 – 6,3 L/100 km
Емисија на СО2 102 – 112 g/km 133 – 144 g/km 132 – 142 g/km
Цена на основна изведба во евра 51.990 65.690 48.990

 

Главни обележја на новиот Mercedes E-Class

  • Кокпит со широк екран, со двоен дисплеј со висока резолуција, избор на приказ
  • Контрола на сите функции на инфо-системот преку допир и гестикулација со прсти
  • Нов графички дизајн со приказ и анимации во висока резолуција, со едноставна логика на ракување
  • Целосна интеграција со паметен телефон: Дигитален клуч за возило, полнење без кабел, капацитивно антенско поврзување, поддршка за Apple CarPlay и Googles Android Auto
  • Збогатен пакет системи за асистенција со DRIVE PILOT, пилот за растојание DISTRONIC со самостојно поаѓање и запирање во колона, активно менување сообраќајна лента, активно запирање при итен случај, пилот за брзинско ограничување, активен асистент за сопирање со функција на крстосување, систем за избегнување пречка, активно следење лента, активно следење на мртвите агли и PRE-SAFE® PLUS
  • Нови функции на Park-Pilot, вклучувајќи Remote Park-Pilot
  • Комуникација на возило со инфраструктура Car-to-X
  • Воздушни перници во ремените за страничните седишта на задната клупа
  • Нов четирицилиндарски дизел
  • Деветстепен автоматик 9G-TRONIC
  • Пневматска амортизација AIR BODY CONTROL
  • Најдобра вредност на коефициент на отпор на воздух (cW до 0,23)
  • Најтивко возило во конкуренција
  • Најголеми димензии во конкуренција вопоглед на простор за пристап во кабината
  • Амбиентално осветлување со избор од 64 бои
  • Повеќезрачни диодни светла сио по 84 одделно управувани диоди и автоматско долго светло
  • Задни светла со вклучување во повеќе степени на осветлување

Претходна објаваVolvo „краде“ струја од автопатот и ги искористува останатите возила како батерии
Следна објаваДолжината на овој Audi A8 се мери во време

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here