Volvo „краде“ струја од автопатот и ги искористува останатите возила како батерии

Хибридниот Volvo XC90 T8 е меѓу најмоќните модели на Швеѓаните и прв автомобил што се движи на бензин, на струја – и од останатите автомобили! Во експериментот, возачите му ги полнеа батериите на T8 без да бидат свесни за тоа.

Volvo осмисли генијален експеримент когошто сега го користи како реклама за плагин-хибридната изведба на спортскиот теренец XC90 T8. На делница од автопат, Швеѓаните поставија посебна подлога сочинета од цевки полни со вода, во коишто се предизвикува движење на водата под дејство на притисокот од тежината на возилата кои поминуваат преку подлогата. Ова движење на водата потоа се користи за задвижување на турбина што произведува струја за полнење на батериите на хибридниот XC90 паркиран на штанд веднаш покрај автопатот.

Секое поминување на возилата преку подлогата за производство на струја е проследено со порака за благодарност што се појавува на големиот дисплеј покрај подлогата и до возачите испраќа поздрави „Ти благодарам Volkswagen… ти благодарам Lexus“, односно до сите марки возила што ги полнат батериите на шведскиот хибрид.

https://youtu.be/c4x0w7juhtw

Како сега ќе реагираат возачите по сознанието дека бесплатно му ги наполниле батериите на Volvo може само да се претпостави, но веројатно нема сите да се чувствуваат среќно поради тоа. Во секој случај, Volvo е во корист, исто како што има и смисла иднината на електромобилноста навистина да го примени овој фантастичен принцип во реалноста. Прашањето како и секогаш е: Колку навистина чини една ваква подлога и колку е „евтина“ струјата произведена на тој начин? Забавниот ефект секако дека не недостига.

 

Претходна објаваEffeffe Berlinetta: Олдтајмер со подмладено срце
Следна објаваНовиот Mercedes E-Class пристигна со прва класа во Мак Аутостар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here