за

Лондон резервира улици за велосипеди

Лондон отсекогаш имал спектакуларни планови за велосипедскиот сообраќај во центарот на градот, почнувајќи од поставување пловечки патеки по Темза, до висечки патеки над лентите за јавниот сообраќај. Еден од проектите што предизвика најголемо внимание е можно да се реализира наскоро. Градското претпријатие за јавен сообраќај ги прифати амбициозните планови на лондонскиот градоначалник Борис Џонсон. Англиската метропола ќе добие два „автопати за велосипеди“ во самиот центар на градот. Во план е напуштените тунели од метрото исто така да се претворат во велосипедски патеки.

Едната од двете брзи патеки за велосипеди ќе води од истокот кон западот низ центарот на Лондон, а другата од север кон југ. Планираната должина на патеките е три метри, а изградбата се очекува да започне веќе напролет и да заврши до следната година. Повеќе месеци се води расправа за овој концепт. Според првичните планови, дел од улиците требаше да се резервираат исклучиво за велосипедистите, што предизвика остри критики во јавноста. Последниот план е дел од улиците да се одвои за велосипедистите, исто како во Холандија, рајската земја за велосипедистите, или како во Копенхаген.

Англиската метропола веќе има воведено привилегии за велосипедистите, но со „брзиот пат“ граѓаните уште повеќе се охрабруваат да користат превоз на две тркала
Англиската метропола веќе има воведено привилегии за велосипедистите, но со „брзиот пат“ граѓаните уште повеќе се охрабруваат да користат превоз на две тркала

Вкупната должина на двете патеки за велосипеди ќе изнесува околу 29 километри. На овој начин, Лондон дава јасна политичка порака. Возењето велосипед е алтернатива во сообраќајот во големите градови, затоа што ги растоварува улиците, не предизвикува бучава, и најважното, не предизвикува загадување на животната средина. Овој проект не е подарок за велосипедистите, туку е излезно решение. Лондонското претпријатие за јавен сообраќај предвидува дека сообраќајот во центарот на градот ќе се зголеми за 60 проценти до 2031 година, што значи дека на градот итно му се потребни алтернативи заради намалување на бројот на автомобили во центарот.

Префрлување под земја: Метро за велосипеди

Постојат и други концепти за развој на сообраќајот на две тркала во Лондон. Архитектите веќе развија концепт на висечки патеки над постоечките патишта, како и пловечка патека за велосипеди по реката Темза. Последниот предлог возењето велосипед делумно да се пресели под земја. Идејата е напуштените тунели за метрото да се пренаменат во патеки за велосипеди. Сличен пример има во германскиот Хамбург, кадешто тунелот преку Елба ги поврзува центарот и пристанишниот дел од градот и се користи секојдневно од пешаците и велосипедистите.

Атрактивноста на возењето велосипед во долги тунели зависи првенствено од условите што владеат. Доколку се обезбедат добро проветрување и осветлување, возењето може да претставува задоволство. Предност е и тоа што во тунелите е суво и нема ветар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Половина милион електрични автомобили ќе се продадат во 2015

Land Rover отвори центар за теренско возење во Бахреин