Пазарните аналитичари предвидуваат светската продажба на електрични автомобили годинава да достигне речиси половина милион возила. Кина и Европа имаат најголем потенцијал за раст.
За оваа година се очекува во светот да се продадат преку 480.000 автомобили со електричен погон, вклучувајќи и хибриди со надворешно полнење на батериите, како и возила со погон на водород. Најголем растеж се очекува на пазарите во Кина и во европските земји. До 2020 година, учеството на електрични автомобили според пазарните аналитичари ќе достигне веќе 10 милиони возила. Во последново предвидување најмногу учествува растечкиот интерес за возилата со погон на водород во азискиот регион.
















