
Намерниците на тркачката патека за формула 1 во Бахреин отсега можат да се испробаат и на специјалната траса за теренско возење во склоп на новоотворениот центар на Land Rover.
Land Rover го отвори првиот свој центар за теренско возење во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, во соработка со концесионерите на тркачката патека за формула 1 во Бахреин. Со непосредната близина до тркачката патека, центарот на Land Rover им нуди можност на сите заинтересирани клиенти да ги испробаат своите возачки способности како на патеката за формула 1, така и на предизвикувачката траса за теренско возење. Основа на центарот е трасата долга 3,5 километри во пустината Сакир. Вклучувајќи го новиот центар во Бахреин, Land Rover моментно располага со 49 центри за теренско возење во 20 држави во светот.
На трасата се изведени 32 природни и вештачки пречки, по песок, карпи, шљунак и вода. На располагање стојат професионални инструктори со лиценца од Land Rover, со совети за правилно совладување на сите видови на пречки на трасата, како и за усовршување на возачките способности.















