за

Замена на прегорена светилка може да чини и до 1.000 евра

споредба цени замена светилка

Англискиот магазин What Car ги спореди цените за замена на прегорена светилка на предно светло кај десетина актуелни модели од класата на градските автомобили. Замената може да чини скапо доколку автомобилот поседува „запечатени“ диодни светла

Во споредба на цените за замена на прегорена светилка кај 13 актуелни модели од класата на градските автомобили, познатиот англиски магазин What Car доби дијапазон на цени од 4 фунти (околу 280 денари, цени за англискиот пазар) за Suzuki Swift со обични халогени светла, до 846 фунти (околу 60.000 денари) за спортскиот Volkswagen Polo GTI, кој фабрички се испорачува со диодни светла. Од возилата во истражувањето, три модели поседуваат диодни светла, четири модели се опремени со ксенонски светла, додека сите останати користат обични халогени светилки.

Ксенонските и диодните светилки произведуваат многу повеќе светлина од халогените светилки и трајат до 10 пати подолго, но нивната замена може да биде скапа. Повисоката цена на светилките кај ксенонската и диодната техника произлегува од нивната посложена конструкција. Неколку производители дури вградуваат таканаречени запечатени светла. Кога треба да се замени прегорена светилка, тие не може да се отворат како светлата со обична конструкција, поради што мора да се менува целата светлосна единица.

Примерно Mini: Се менува само ксенонската светилка, тоа чини околу 800 денари

Како пример за разликата во цената може да послужи популарниот Volkswagen Polo. Трошокот за замена на прегорена светилка кај моделските изведби со обични халогени светла, чини само 18 фунти (околу 1.265 денари). Но, сопствениците на спортската верзија GTI, мора да сметаат дека замената ќе ги чини 846 фунти (околу 60.000 денари). Истото важи и за моделите од останатите марки, при споредба на цените за халогената и напредната диодна или ксенонска техника.

Не мора да се работи за запечатено светло, за замената да биде скапа. Кај Opel Corsa, на пример, само замената на ксенонската светилка во најопремената моделска верзија чини 317 фунти (околу 22.200 денари), додека за халогената светилка се плаќа само 17 фунти (околу 1.200 денари) во англиските сервиси. Истото се случува и кај Audi A1. Замена на прегорена халогена светилка чини 18 фунти (1.265 денари), но во случај на топ-моделските верзии, треба да се издвојат 211 фунти (околу 14.800 денари) за нова ксенонска светилка, но и за контролната единица за истата.

При купување користен автомобил треба да се мисли и на можните високи трошоци за замена на светлата

При купување нов автомобил, светлата со диодна или ксенонска техника сé уште ги покажуваат сите предности, особено имајќи предвид дека светилките трајат неспоредливо подолго од обичните жаречки светилки. Но, поинаку е кога се избира користен автомобил. Цената за замена на светилката, односно на целото светло, веќе е превисока во споредба со вредноста на автомобилот.

Експертите предвидуваат дека цените на комплетните светла ќе се намалуваат во иднина, откако добавувачите ќе почнат да ја снабдуваат и постпродажбата, односно како што светлата со новата техника ќе станат достапни во продавниците за резервни делови под логото на добавувачот.

споредба цени замена светилка

Топ 10 совети за добро да го продадете автомобилот

Совети: Клима-уредот се гасне пред да заврши возењето

Пет совети за сочувување на подвозјето на автомобилот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

hongqi dizajnersk centar evropa

Кинеската претседателска марка Hongqi на преродба во Минхен

Porsche 911 nova generacija

Новиот Porsche 911 пристига во почетокот на 2019 година